ТРИУМФАЛНАТА КАПИЈА ШАРЕНИТЕ ПРВПАТ ЈА БОЈАТ СО ЧАТАЛОТ

    ТРИУМФАЛНАТА КАПИЈА ШАРЕНИТЕ ПРВПАТ ЈА БОЈАТ СО ЧАТАЛОТ

    На пат кон Собранието шарените револуционери застанаа кај Триумфалната капија и со чаталот фрлаа боја врз неа. Капијата беше мета на шарените безброј пати досега, но ова е првпат да ја гаѓаат со чаталот. Досега тоа го правеа со четки, со балони и со пушки. Во тек се говорите од организаторите пред Собрание.
    „Хорхе ти си срам за Македонија“ е пораката на централниот транспарент со кој шарените револуционери го почнаа денешниот протест. Опремени со боја, свирчиња и труби антивладините демонстранти цел час се собираа пред Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
    „Селективна правда е неправда. Чекорејќи по улиците се наметнавме како учесник во решавањето на кризата. Дел од барањата парцијално се остварени, но останува уште доста до остварување на сите барања. Го допревме моментот на сега или никогаш. Остануваме на улица до целосно разрешување на кризата, ќе останеме и при градењето на новите демократски вредности. Се гледаме на улица, секој ден во 6“, стои на Фејсбук страната на „Протестирам“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари