ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 И УШТЕ 41 ПОЗИТИВЕН ОД 1.024 ТЕСТОВИ

    ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 И УШТЕ 41 ПОЗИТИВЕН ОД 1.024 ТЕСТОВИАктивни се 1.566 болни.(Фото: СДК.МК)

    Во изминативе 24 часа е регистриран 41 нов случај на ковид-19 од направени  1.024 тестови. Новите случаи се во: Скопје – 31, Кавадарци – 4, Неготино – 2, Куманово, Прилеп, Тетово и Штип – по 1. Од вкупниот број на позитивни 41, регистрирани се 10 реинфекции.

    Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице од Кичево (89г), починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза кови-19 од Мој термин, дополнително се пријавени 2 починати лица од: Скопје (66г) и Кавадарци (55г). Од пријавените починати лица, едно лице е починато во домашни услови, и едно лице во болнички услови. Пријавените лица се починати на 15.03.2022 год. Од вкупниот број на починати лица (3), кај две лица се регистрирани коморбидитети.

    Регистрирани сe 457 оздравени пациенти од: Скопје – 250, Битола – 33, Прилеп – 29, Охрид – 28, Тетово – 19, Кичево – 16, Велес – 10, Делчево – 9, Куманово и Гостивар – по 6, Кавадарци и Струмица – по 5, Кочани, Радовиш, Виница и Крушево – по 4, Штип, Гевгелија, Ресен , Дебар и Пробиштип – по 3, Струга и Богданци – по 2, Неготино, Крива Паланка, Валандово, Демир Капија, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

    Направените 1.024 тестови се преку: ИЈЗ-68, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-4 ,Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-29, Авицена-38, Биотек-119, Систина-26, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-0, Генеа-0, Никоб Лаб-135, ВФВ Медикал-17, Ели Медика Плус-10, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–5, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 573.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.970.059 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.711, бројот на оздравени пациенти е 295.914, на починати е 9.231, а бројот на активни случаи изнесува 1.566.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна

    Скопје 143925, Активни 845
    Куманово 16571, Активни 40
    Битола 14875, Активни 171
    Прилеп 14025, Активни 86
    Тетово 13423, Активни 18
    Кавадарци 10526, Активни 83
    Велес 9691, Активни 26
    Гостивар 9539, Активни 10
    Охрид 8766, Активни 72
    Струмица 8009, Активни 21
    Штип 7981, Активни 17
    Кичево 5573, Активни 30
    Кочани 5056, Активни 16
    Струга 4701, Активни 18
    Гевгелија 4375, Активни 17
    Неготино 3662, Активни 11
    Ресен 2685, Активни 15
    Свети Николе 2617, Активни 4
    Радовиш 2516, Активни 8
    Крива Паланка 2408, Активни 4
    Делчево 1953, Активни 23
    Дебар 1671, Активни 7
    Берово 1638, Активни 2
    Валандово 1477, Активни 3
    Виница 1383, Активни 6
    Пробиштип 1263, Активни 0
    Богданци 1019, Активни 2
    Кратово 961, Активни 3
    Крушево 923, Активни 6
    Демир Хисар 826, Активни 1
    Македонски Брод 736, Активни 1
    Демир Капија 586, Активни 0
    Македонска Каменица 523, Активни 0
    Пехчево 485, Активни 0
    Дојран 343, Активни 0

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира