ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ПРЕВРТЕН МАКЕДОНСКИ АВТОБУС КАЈ ЛЕСКОВАЦ

    ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ПРЕВРТЕН МАКЕДОНСКИ АВТОБУС КАЈ ЛЕСКОВАЦВо болницата во Лесковац префрлени се 28 повредени патници, а во Ниш четворица, н автобусот е превртен на страна и точната бројка на загинати и повредени уште не се знае, оти возилото не е исправено (Фото: РАС Србија)

    Тројца загинаа во тешката сообраќајна несреќа ноќеска околу 1.40 часот, кога на влезот во Лесковац, Србија се преврте македонски автобус кој сообраќал од правецот Скопје кон Белград. Во болницата во Лесковац префрлени се 28 повредени патници, а во Ниш четворица. Според началникот на Хирургија во Лесковац, автобусот тргнал од Прилеп синоќа околу 20 часот и возел за Виена. Автобусот е превртен на страна и точната бројка на загинати и повредени уште не се знае, оти возилото уште не е исправено.

    Според началникот на Хирургија во Лесковац, 4 пациенти згрижени таму се со тешки повреди но се вон животна опасност, 23 згрижени во Ургентниот центар имаат полесни повреди, а на домашно лекување се пуштени 14, но ќе останат во лесковачката болница до обезбедување превоз за Македонија.

    Увидот на терен го извршија нишката и лесковачката полиција, но уште не е соопштено како дошло до несреќата. Во Лесковац вчера врнеше дожад, а од полноќ непрекинато врне снег, па се претпоставува дека лизгавиот коловоз е можна причина за несреќата.

    „Автобусот беше превртен на страна, тројца патници беа затекнати без знаци на живот. Екипите на Итната помош од Лесковац кои први стигнаа на местото им укажуваа помош на повредените. Имаше патници кои беа заробени во автобусот, нив ги ослободија припадниците на противпожарните спасувачки екипи на МВР. Најтешко поведените се транспортирани во Клиничкиот центар во Ниш. Еден од пациентите кој беше прв згрижен имаше симптоми на фрактура на черепот“, рече еден од лекарите на Итната помош кој учествуваше во спасувањето.

    Директорот на Заводот за итна медиинска помош од Ниш Славољуб Живадиновиќ бил на лице место со тимовите на Итна помош,  и рече дека повредените се во рекордно време префрлени во Клиничкиот центар, со оглед на снежните врнежи, и дека за првпат е употребено новото санитетско возило кое има погон на четири тркала.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира