УАПСЕН МИТКО ЧАВКОВ

    УАПСЕН МИТКО ЧАВКОВПоранешниот директор на Бирото за јавна безбедност сабајлево треба да се појави пред судија на претходна постапка - Митко Чавков (Фото: архивска фотографија на СДК.МК)

    Рано утрово, по налог на јавен обвинител, уапсен е Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност во МВР.

    Информацијата за САКАМДАКАЖАМ.МК ја потврди МВР.

    Чавков е уапсен по отворена истрага против него за насилствата од 27 април во Собранието, каде од пониските структури од МВР беше посочен дека 2 часа не давал наредба за дејствување на полицијата, со што го довел во опасност животот на пратениците од СДСМ на чело со Зоран Заев, на Зијадин Села кој за малку ќе беше убиен, како и на други пратеници и новинари.

    Се очекува утрово Чавков да биде донесен во Кривичниот суд пред судија за претходна постапка.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира