УАПСЕНИ 10 ЛИЦА КОИ КРАДЕЛЕ ДРОГА ОД ФАБРИКА ЗА КАНАБИС И ЈА ПРОДАВАЛЕ

    УАПСЕНИ 10 ЛИЦА КОИ КРАДЕЛЕ ДРОГА ОД ФАБРИКА ЗА КАНАБИС И ЈА ПРОДАВАЛЕУапсени се четири лица од Гевгелија, три од Струмица, две од Струга и едно лице од Демир Капија. (Фото: СДК.МК)

    Министерството за внатрешни работи денеска уапси група која крадела дрога од фабрика за производство на канабис и потоа ја продавала. Како што соопштија од МВР, уапсени се 10 лица, од кои четири од Гевгелија, три од Струмица, две од Струга и едно лице од Демир Капија.

    „Извршени се претреси на четири локации во Струмица, Струга, Гевгелија и Битола и обезбедени се материјални докази, односно пари и поголема количина на наркотична дрога која потекнува од правен субјект регистриран за извршување на дејност одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија наменети за медицински цели. Приведените лица ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка, пронајдената дрога ќе биде дадена на вештачење, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 став 3 од Кривичниот законик – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, се вели во соопштението на МВР.

    Акцијата за откривање на групата е почната во октомври 2023, а ја изведе Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога при Бирото за јавна безбедност (БЈБ).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира