СЀ ЌЕ БИДЕ КАКО ШТО ТРЕБА, КАЖА ГЕРМАНСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА ОДБРАНА ФОН ДЕР ЛАЈЕН ПО СРЕДБАТА СО ШЕКЕРИНСКА

    СЀ ЌЕ БИДЕ КАКО ШТО ТРЕБА, КАЖА ГЕРМАНСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА ОДБРАНА ФОН ДЕР ЛАЈЕН ПО СРЕДБАТА СО ШЕКЕРИНСКАЗа зачестените посети на германски функционери, германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лаин кажа дека сите овие посети треба да се сфатат како знак на пријателство. - Од свечениот пречек на германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лаин (Фото: Ѓ. Личовски)

    Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен е убедена дека референдумот на 30 септември ќе биде успешен и дека „сè ќе биде како што треба да биде“. Таа денеска во Скопје имаше средба со нејзината македонска колешка Радмила Шекеринска, два дена по посетата на германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.

    На 8 септември, во Скопје беше и германската канцеларка Ангела Меркел.

    „Јас сум убедена дека тој ќе биде успешен и дека сè ќе биде така како што треба да биде и на крајот ќе се движите по вистинскиот пат“, кажа Фон дер Лајен, одговарајќи на новинарско прашање што ако референдумот биде неуспешен на заедничката прес-конференција со Шекеринска.

    „Референдумот претстои и јас знам дека прашањето за името на вашата држава е поврзано со историјата, културата и идентитетот, но сепак во референдумот гледам голема шанса за вашата земја и граѓаните активно да учествуваат. Од нашето искуство со германското обединување, можам да кажам дека такви шанси се уникатни и треба да се искористат. Сакам да укажам дека зборувам за обединета Европа и сакаме да ја градиме иднината со вас“, вели германската министерка за одбрана.

    За зачестените посети на германски функционери, таа замоли „сите овие посети да ги сфатите како знак на пријателство. Како желба за уште поблиска соработка во иднина“.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира