УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ ОДРАБОТУВААТ ЧЕТИРИ САБОТИ ПОРАДИ ПРОДОЛЖЕНИОТ РАСПУСТ

    УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ ОДРАБОТУВААТ ЧЕТИРИ САБОТИ ПОРАДИ ПРОДОЛЖЕНИОТ РАСПУСТДеновите што недостасуваат за да се пополни распоредот за оваа учебна година од 180 дена, ќе се одработуваат во две саботи во првото и во две саботи во второто полугодие.

    Основните и средните училишта ќе одработуваат во саботите четири работни дена, бидејќи зимскиот распуст ќе биде продолжен за еден ден, а во јуни последните два дена од учебната година паѓаат во викенд. Од Министерството за обрзаование и наука велат дека според планот за работа на училиштата во текот на учебната година треба да се одработат 180 дена, а според распоредот за работа годинава ќе недостасуваат четири работни дена, кои што учениците ќе треба да ги одработат во две саботи во првото полугодие и две во второто полугодие.

    „Зимскиот распуст требаше да заврши на 19 јануари, односно тогаш треба да почне второто полугодие. Но, 19 се паѓа во петок и за да не се крати од распустот, практично второто полугодие ќе почне од понеделник на 22 јануари. Денови се губат и со тоа што 9 и 10 јуни се паѓаат за викенд и нема доволно денови за да се одработат предвидените 180 работни дена. Затоа донесена е одлука деновите што недостигаат да се одработат“, велат од Министерството за образование и наука.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира