УЈП ГО ИЗВЕСТИЛА КРИВИЧНИОТ СУД ДЕКА ОБВИНЕТИОТ ИСМЕТ ГУРИ КОЈ НЕ ДОАЃА НА СУДЕЊЕ ПОРАДИ ЕПИДЕМИЈАТА НА КОРОНАВИРУС, СИ ОДЕЛ НА РАБОТА

    УЈП ГО ИЗВЕСТИЛА КРИВИЧНИОТ СУД ДЕКА ОБВИНЕТИОТ ИСМЕТ ГУРИ КОЈ НЕ ДОАЃА НА СУДЕЊЕ ПОРАДИ ЕПИДЕМИЈАТА НА КОРОНАВИРУС, СИ ОДЕЛ НА РАБОТАОбвинителката на „Титаник 3“ Фатиме Фетаи, утре првин треба да сведочи на „Рекет“, како сведок предложен од Катица Јанева. (Фото: СДК.МК)

    Исмет Гури, обвинет заедно со координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алими, за преправање на записници од гласање за локални избори во Чаир, одел на работа во УЈП, а на судење не доаѓа.

    „Титаник 3“ е пред крајот и е на листата на 300 судски процеси кои се неодложни во ситуација на пандемија од коронавирус.
    До Основниот суд Скопје 1 стигнал допис од УЈП каде што е вработен Гури, дека тој повремено доаѓал на работа. Оттаму, велат во Кривичниот суд, ако на утрешното закажано рочиште пак не се појави обвинетиот Гури со изговор дека е хронично болен поради шеќерот во крвта, ќе биде приведен со полиција и донесен во суд.

    За разлика од Гури, Алими редовно доаѓа на судење.

    Обвинителката на „Титаник 3“ Фатиме Фетаи, утре првин треба да сведочи на „Рекет“, како сведок предложен од Катица Јанева.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира