УКИНАТ ВОЗОТ ЗА СОЛУН

    УКИНАТ ВОЗОТ ЗА СОЛУНМеѓународниот патнички воз на релација Белград - Солун - Белград е укинатво договор меѓу Српската и Грчката железница, а пак ќе биде воведен следното лето; - Железничката станица во Скопје (Фото: СДК.МК)

    Од први октомври е укинат меѓународниот патнички воз на релација Белград – Солун – Белград. Тоа во договор го сториле Српската и Грчката железница, а Македонската железница (МЖ) немала можност да реагира бидејќи возот само транзитира низ земјава.

    Српската железница тврдела дека оваа линија била економски неисплатлива и дека ќе ја воведат дури наредната година за летната сезона, велат од МЖ.

    До Солун од Скопје сега единствено вози автобуска линија на „Македонија сообраќај“, кој ги редуцираше авобусите на еден дневно.

    П. ПЕЧКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари