УКИНАТИ СЕ СИТЕ РЕСТРИКТИВНИ КОВИД МЕРКИ ВО ЗЕМЈАВА, ОСВЕН МАСКИ ВО БОЛНИЦИ, АПТЕКИ И ДОМОВИ ЗА СТАРИ

    УКИНАТИ СЕ СИТЕ РЕСТРИКТИВНИ КОВИД МЕРКИ ВО ЗЕМЈАВА, ОСВЕН МАСКИ ВО БОЛНИЦИ, АПТЕКИ И ДОМОВИ ЗА СТАРИВладата препорача носење маски на јавни места, посебно во затворен простор кога нема можност за физичка дистанца. (Фото: СДК.МК)

    Укинати се сите ковид мерки, освен носењето маски во здравствени установи, аптеки и домови за возрасни и лица со попреченост, одлучи Владата на денешната 42 седница по предлог на Главниот координативен кризен штаб.

    Со заклучок од седницата, Владата одново препорачува почитување и практикување на основните превентивни мерки за заштита од коронавирус, како што се негрупирање и одржување физичка дистанца, носење заштитни маски на јавни места, посебно во затворен простор кога нема можност за физичка дистанца, како и редовна лична хигиена, проветрување на затворените простории и самоизолација во домашни услови при симптоми на заболувања на респираторниот систем.

    Владата им препорача на здравствените домови да ја интензивираат теренската вакцинација на возрасните лица над 80 години поради нискиот опфат со имунизација на оваа старосна група, како и да продолжи вакцинацијата меѓу здравствените работници.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира