УКРАДОВ 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОТИ БЕВ ВО ДОЛГОВИ, ВЕЛИ ПРВООБВИНЕТИОТ ЗА ГРАБЕЖОТ НА НЛБ ТУТУНСКА БАНКА

    УКРАДОВ 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОТИ БЕВ ВО ДОЛГОВИ, ВЕЛИ ПРВООБВИНЕТИОТ ЗА ГРАБЕЖОТ НА НЛБ ТУТУНСКА БАНКАОбјавата на пресудата за грабежот во НЛБ Тутунска банка е закажана за 3 ноември

    Бобан Смилевски, првообвинетиот за грабежот во НЛБ, во завршните зборови ја призна вината и рече дека парите ги украл бидејќи имал долгови, а тој и семејство живееле под закани, пренесe Мета.

    „Делото не е од лукративна причина и не е за да се оствари имот за себе или за кој било друг. Бев во долгови и во последните два месеци бев под закани, јас и семејството. Губењето самоконтрола ме доведе до ова. За себе можам да кажам дека сум бил пример во приватниот живот, општеството, а до кражбата за себе можам да кажам дека не сум бил криминалец, ниту имам криминален ум“, рече Смилевски во својот завршен збор.

    Тој додаде дека другите обвинети ненамерно ги вмешал, па затоа побара тој да биде казнет наместо нив.

    „Колку е поблага казната и колку побргу се вратам во општество, ќе почнам побргу да придонесувам“, рече Смилевски.

    Тој им се извини на своите родители за нанесениот стрес и срам, како и на својата сопруга која ја оставил со две малолетни близначиња.

    Објавата на пресудата за овој случај е закажана за 3 ноември.

    Претходно, Обвинителството побара највисоки казни за четворицата обвинети во случајот, Бобан Смилевски, брат му Горан Смилевски, Борис Минчевски и Мирослав Каевски. Според обвинителниот акт, тие се товарат дека од НЛБ украле првин 400.000 швајцарски франци и 375.000 евра, а потоа уште 2 милиони швајцарски франци и 270.000 евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира