УПИС ВО ШКОЛО САМО ЗА ВАКЦИНИРАНИ ДЕЦА, ДРУГИТЕ ЌЕ БИДАТ ЗАПИШАНИ КОГА ЌЕ ДОНЕСАТ ПОТВРДА, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА

    УПИС ВО ШКОЛО САМО ЗА ВАКЦИНИРАНИ ДЕЦА, ДРУГИТЕ ЌЕ БИДАТ ЗАПИШАНИ КОГА ЌЕ ДОНЕСАТ ПОТВРДА, ОДЛУЧИ ВЛАДАТАОние родители кои ќе одбијат да ги вакцинираат децата ќе платат казна и за невакцинирање на детето, и за незапишување на детето во основно образование, велат од Министерството за здравство (Фото: Влада на РСМ)

    Владата на денешната седница одлучи дека во кое било училиште да можат да се запишат единствено деца кои се вакцинирани и за тоа имаат содветен документ, односно потврда.

    „Во сите училишта да се примаат пријавите за упис во училиштата и на оние деца кои не се вакцинирани, но да не се врши упис на истите сѐ додека не биде приложен соодветен документ, односно потврда за вакцинација“, соопшти Министерството за здравство.

    Од Министерството велат дека оние родители кои ќе одбијат да ги вакцинираат децата ќе платат казна и за невакцинирање на детето, и за незапишување на детето во основно образование.

    „Ова нема да се однесува на децата за кои постои медицинска контраиндикација да ги примат вакцините“, велат од Министерство.

    Здравствените установи не смеат да издаваат потврди ако детето не ги примило задолжителните вакцини.

    „Потврдите кои се приложуваат при упис на дете во основно училиште се издаваат во здравствените домови каде што има вакцинални пунктови и истите се бесплатни“, велат од Министертвото.

    Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со вакцината МРП (морбили, рубеола, паротит) од почетокот на епидемијата на мали сипаници во земјава изнесува 24.023.

    „Во Скопје, бројот на вакцинирани деца изнесува 13,684 од вкупно 16,361 невакцинирани. Од останатиот дел од државата, бројот на вакцинирани деца до 14 години со МРП вакцина е 10,339. Само со стапка на вакцинација над 95 отсто ќе обезбедиме колективен имунитет и ќе биде оневозможено ширењето на вирусот меѓу популацијата“, соопшти Министерството за здравство.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира