УШТЕ 31 ПОЧИНАТ ОД 38 ДО 85 ГОДИНИ И НОВИ 824 СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 3.988 ТЕСТИРАЊА

    УШТЕ 31 ПОЧИНАТ ОД 38 ДО 85 ГОДИНИ И НОВИ 824 СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 3.988 ТЕСТИРАЊАБројот на активни случаи изнесува 20.193. (Фото: СДК.МК)

    Во последните 24 часа се регистрирани се 824 нови случаи на ковид-19 од направени 3.988 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Новите случаи се од: Скопје – 313, Куманово – 75, Битола – 59, Прилеп – 46, Тетово, Велес и Кавадарци – по 30, Штип и Струмица – по 29, Гостивар – 24, Охрид – 20, Кичево – 16, Свети Николе – 15, Гевгелија – 14, Делчево – 13, Богданци – 9, Неготино – 8, Струга, Кочани, Крива Паланка и Виница – по 7, Ресен и Валандово – по 6, Радовиш – 5, Берово, Пехчево и Македонска Каменица – по 4, Крушево и Кратово – по 2, Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран – по 1.

    Во изминатите 24 часа пријавени се вкупно 31 починато лице: 12 од Скопје (50г, 52г, 61г, 62г, 63г, 64г, 64г, 68г, 74г, 75г, 77г и 79г), по 3 од Куманово (70г, 75г и 75г) и Охрид (65г, 72г и 87г), 2 од Прилеп (67г и 80г ) и по 1 починат од Битола (38г), Виница (62г), Гостивар (83г), Дебар (75г), Кавадарци (63г), Кратово (75г), Пробиштип (85г), Радовиш (79г), Ресен (67г), Свети Николе (69г) и Тетово (71г).

    Од пријавените пациенти, еден е починат во домашни услови, а другите 30 се починати во болнички услови. Меѓу пријавените се 7 пациенти кои се починати во тек на месец март.

    Направени се 3.988 тестови преку: ИЈЗ – 526, ЦЈЗ Скопје – 79, ЦЈЗ Битола – 69, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, Судска медицина – 7, лабораторија болница Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ 8-ми Септември – 16, Институт за микробиологија – 71, МАНУ – 129, Жан Митрев (Филип Втори) – 143, Авицена – 293, Биотек – 323, Систина – 247, лабораторија Лаор – 548, Синлаб – 132, Ремедика – 66, Плодност – 60, Генеа – 3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.274.

    Досега во земјата се направени вкупно 688.876 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 146.733, бројката на оздравени пациенти е 122.121, на починати е 4.419, а бројот на активни случаи изнесува 20.193.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 65.174, активни 9.073
    Куманово 8.016, активни 1.280
    Прилеп 7.877, активни 999
    Тетово 6.889, активни 695
    Битола 5.706, активни 1333
    Велес 5.197, активни 772
    Гостивар 4.986, активни 484
    Кавадарци 4.977, активни 545
    Штип 4.731, активни 483
    Охрид 4.698, активни 881
    Струмица 3.774, активни 582
    Струга 2.858, активни 272
    Кочани 2.579, активни 324
    Кичево 2.338, активни 314
    Неготино 2.110, активни 258
    Гевгелија 2.108, активни 351
    Свети Николе 1.429, активни 156
    Крива Паланка 1.178, активни 102
    Ресен 1.168, активни 231
    Радовиш 1.039, активни 140
    Берово 965, активни 77
    Делчево 929, активни 100
    Дебар 904, активни 63
    Пробиштип 754, активни 60
    Виница 739, активни 122
    Валандово 633, активни 99
    Крушево 457, активни 102
    Богданци 468, активни 79
    Демир Капија 392, активни 43
    Демир Хисар 358, активни 57
    Кратово 352, активни 26
    Македонски Брод 344, активни 34
    Пехчево 250, активни 21
    Македонска Каменица 224, активни 15
    Дојран 132, активни 20

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира