УШТЕ 44 БЕГАЛЦИ ОД АВГАНИСТАН СТИГНАА ВО ЗЕМЈАВА

    УШТЕ 44 БЕГАЛЦИ ОД АВГАНИСТАН СТИГНАА ВО ЗЕМЈАВАСтанува збор за активисти на организацијата „Тиркиз моунтејн“ и членови на нивните семејства.(Фото: СДК.МК)

    Уште 44 евакуирани бегалци од Авганистан попладнево слетаа на Скопскиот аеродром со авион на компанијата „Катар ервејс“. Како што информираа од Владата станува збор за активисти на организацијата „Тиркиз моунтејн“ (Тurquoise Мountаin), како и членови на нивните семејства.

    Организацијата „Тиркиз моунтејн“ е основана во 2006 година од принцот Чарлс со хумана мисија, која изминативе години имаше свои успешни активности во Авганистан.

    Лицата ќе бидат привремено сместени во Скопје додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците и за оваа група ќе бидат целосно покриени од меѓународните организации.

    „По слетувањето предвидена е стандардна процедура, поддршка од Црвениот крст, безбедносна проверка и заштита, медицинска поддршка, ПЦР тест и можност за вакцина“, велат од Владата.

    Оваа е втора тура евакуирани Авганистанци кои стигнаа во земјава. На 31 август пристигнаа 149 бегалци.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира