УШТЕ 5 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, НОВИ 183 ПОЗИТИВНИ ОД 1.769 ТЕСТОВИ, НОВО ЖАРИШТЕ ВО КОЧАНИ

    УШТЕ 5 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, НОВИ 183 ПОЗИТИВНИ ОД 1.769 ТЕСТОВИ, НОВО ЖАРИШТЕ ВО КОЧАНИВо Кочани има 20 позитивни, и најмногу после Скопје со 51; - Возила на Брза помош на скопските клиники. (Фото: К. Попов)

    Петмина починаа во изминатото деноноќие по компликации од ковид-19 во болнички услови, и тоа 51-годишен скопјанец, потоа пациент од Дебар (68), од Крива Паланка (58), Радовиш (71) и пациент од Кочани (66), соопшти Министерството за здравство.

    Во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-7, Дебар-4, Штип-1, Прилеп-15, Тетово-13, Струга-4, Велес-3, Битола-6, Охрид-5, Кавадарци-5, Гостивар-9, Гевгелија-3, Струмица-7, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Кочани-20, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-3, Виница-4, Делчево-5, Свети Николе-3, Ресен-2.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 73 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 8, а вкупно хоспитализирани се 32 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 158, позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Институтот за јавно здравје регистрира 102 оздравени пациенти од: Скопје-38, Куманово-12, Штип-5, Прилеп-8, Тетово-3, Струга-4, Битола-12, Кавадарци-3, Гостивар-2, Крива Паланка-2, Кочани-4, Пробиштип-3, Пехчево-1, Берово-2, Делчево-1, Кичево-2.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 17.049, оздравеа 14.186, починаа 710, а активни се 2.153. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашните, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 6.680, активни 598

    • Куманово 1.708, активни 188

    • Дебар 280, активни 39

    • Штип 1.234, активни 53

    • Прилеп 639, активни 127

    • Тетово 1.400, активни 178

    • Струга 654, активни 64

    • Велес 312, активни 38

    • Битола 280, активни 58

    • Охрид 414, активни 52

    • Кавадарци 220, активни 35

    • Гостивар 917, активни 107

    • Гевгелија 110, активни 59 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)

    • Струмица 191, активни 122

    • Крива Паланка 102, активни 29

    • Радовиш 74, активни 23

    • Крушево 20, активни 3

    • Кочани 286, активни 117

    • Пробиштип 106, активни 19

    • Демир Хисар 61, активни 2

    • Македонски Брод 92, активни 13

    • Пехчево 42, активни 8

    • Берово 87, активни 27

    • Валандово 20, активни 11

    • Виница 103, активни 29

    • Делчево 150, активни 80 (31 лице од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

    • Кратово 24, активни 3

    • Свети Николе 319, активни 20

    • Кичево 313, активни 35

    • Ресен 162, активни 14

    • Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.769 теста се преку: ИЈЗ-603, ЦЈЗ Скопје-52, Авицена-334, Биотек-121, МАНУ -129, Жан Митрев (Филип Втори)-154, Систина со ПЦР метода -127, лабораторија Лаор –56, Судска медицина-12, ЦЈЗ Битола-45, Инфективна клиника-6, ГАК-12, Синлаб-118, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 179.404 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

    • Чаир – 67

    • Гази Баба – 74

    • Аеродром – 86

    • Карпош – 71

    • Центар – 83

    • Кисела Вода – 58

    • Ѓорче Петров – 38

    • Бутел – 33

    • Шуто Оризари – 14

    • Студеничани – 11

    • Сарај – 13

    • Арачиново – 9

    • Илинден – 16

    • Сопиште – 3

    • Чучер Сандево – 4

    • Петровец – 8

    • Зелениково – 2

    • Странец – 7

    • Нераспределен-1

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира