УШТЕ 79 БОЛНИ ПРИМЕНИ ВО СКОПСКИТЕ КОВИД-ЦЕНТРИ, ВО БОЛНИЦИТЕ ЛЕЖАТ 1.427

    УШТЕ 79 БОЛНИ ПРИМЕНИ ВО СКОПСКИТЕ КОВИД-ЦЕНТРИ, ВО БОЛНИЦИТЕ ЛЕЖАТ 1.427Во Градската општа болница „8 Септември“ лежат 119 болни. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Седумдесет и девет нови болни од ковид-19 се примени во скопските Ковид-центри во изминатите 24 часа. Во Скопје до 8 часот утрово имало 60 празни места, вели Министерството за здравтво, а вкупно лежат 592 лица. сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

    На Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава лежат 1.427 и има околу 270 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

    Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 24 приеми. Во Ковид-центарот во Градската општа болница (ГОБ)  „8 Септември“ имало 16 примени пациенти и 7 биле примени на Инфективната клиника во тек на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 20 нови пациенти и 6 деца се хоспитализирани на Клиниката за детски болести во Скопје.

    Во изминатите 24 часа дома се пуштени 64 оздравени пациенти.

    Во моментов во Ковид-центрите на Интерните и на Хируршките клиники се лекуваат 276 пациенти. Во „8 Септември“ има вкупно 119 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 133 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 лица. На Клиниката за детски болести има 21 пациент позитивен на ковид-19 вирусот и 7 на ГАК .

    Во изминатите 24 часа во Ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 835 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Во болницата во Битола се хоспитализирани 86 пациенти, во Штип се хоспитализирани 60 пациенти. На Инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 71 болни, а во Куманово 116 пациенти. Во Ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 94 пациенти, во Прилеп 120, во Гостивар 38, а во Струга 12 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 71 пациенти, во Кочани 17 во Кичево 17, Кавадарци 73, а во Гевгелија 25 лица.

    Во земјава има над 15 илјади активни случаи на ковид-19, од кои 7.604 болни се во Скопје, а останатите во 35 градови низ земјава.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира