УШТЕ 999 КОВИД БОЛНИ ОД 3.566 ТЕСТОВИ И 21 ПОЧИНАТ ЗА 24 ЧАСА

    УШТЕ 999 КОВИД БОЛНИ ОД 3.566 ТЕСТОВИ И 21 ПОЧИНАТ ЗА 24 ЧАСАВо изминатите 24 часа во Ковид- центрите во Скопје се хоспитализрани 63 нови пациенти. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Дваесет и еден пациент почина од ковид-19 за 24 часа, а регистрирани се 999 новозаболени од 3.566 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Пријавено е вкупно 21 починато лице, на возраст од 50 – 90 години и тоа: 6 пациенти од Скопје, три починати лица од Велес, по две починати лица од Прилеп, Охрид, Струга и Гевгелија, и по 1 починато лице од Куманово, Гостивар, Струмица и Ресен. Сите пациенти се починати во болнички услови.

    Денес има 28% позитивни од број на тестирани, а вчера имаше 32,3%.

    Претпладнево на прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче рече дека „денеска бројката на новозаболени од ковид-19 е под илјада, очекуваме во наредните денови ситуацијата да оди во таа насока и да се стабилизира и полицискиот час кој беше воведен пред 10 дена да даде резултат“.

    999 новозаболени беа регистрирани и на 16 март. Тогаш беа тестирани 3627 граѓанки и граѓани.

    Нови случаи се регистрирани во: Скопје – 465, Прилеп – 53, Куманово – 52,Велес – 48, Кавадарци – 43, Гостивар – 38, Неготино – 37, Тетово – 36, Битола – 35, Охрид – 33, Штип – 30, Гевгелија – 23, Кочани – 16, Крива Паланка – 10, Кичево – 9, Валандово – 8, Струмица и Радовиш – по 7, Берово, Богданци и Демир Капија – 6, Ресен, Дебар, Пробиштип и Виница – по 4, Струга, Крушево и Демир Хисар – по 3, Свети Николе, Делчево и Македонски Брод – по 2.

    На Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава лежат 1.224 и има околу 317 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

    Регистрирани се 711 оздравени пациенти од: Скопје – 264, Прилеп – 72, Тетово – 44, Охрид – 40, Гостивар – 33, Куманово и Битола – по 32, Велес – 29, Струга – 26, Струмица – 23, Штип и Крива Паланка – по 17, Кочани и Гевгелија – по 14, Берово – 13, Крушево и Богданци – по 6, Кичево, Свети Николе и Пробиштип – по 4, Радовиш и Делчево – по 3, Кавадарци, Ресен, Валандово и Пехчево – по 2, Виница, Кратово и Демир Хисар – по 1.

    Направени се 3.566 тестови преку: ИЈЗ-543, ЦЈЗ Скопје-92, Авицена-420, Биотек-291, Жан Митрев (Филип Втори)-173, Систина -325, лабораторија Лаор–260, Судска медицина-5, ЦЈЗ Битола-86, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Синлаб-65, Ремедика-32, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.271, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ „8 Септември“-0.

    Досега во земјата се направени вкупно 582.489 тестирања на ковид-19.

    Вкупно ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата се 117.437, оздравени се 99.837, починати 3.424, а активни случаи се 14.176.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
    Скопје 52179, активни 7138
    Прилеп 6387, активни 923
    Куманово 6153, активни 498
    Тетово 5939, активни 425
    Гостивар 4189, активни 351
    Кавадарци 4033, активни 706
    Штип 3936, активни 262
    Велес 3936, активни 427
    Битола 3887, активни 416
    Охрид 3718, активни 509
    Струмица 2991, активни 237
    Струга 2548, активни 151
    Кочани 2062, активни 200
    Кичево 1858, активни 73
    Неготино 1714, активни 458
    Гевгелија 1575, активни 327
    Свети Николе 1166, активни 49
    Крива Паланка 1003, активни 133
    Ресен 915, активни 113
    Дебар 813, активни 19
    Радовиш 816, активни 69
    Делчево 789, активни 64
    Берово 741, активни 77
    Пробиштип 622, активни 65
    Виница 552, активни 29
    Валандово 452, активни 78
    Крушево 399, активни 124
    Богданци 360, активни 67
    Кратово 306, активни 24
    Демир Хисар 309, активни 43
    Демир Капија 321, активни 83
    Македонски Брод 265, активни 13
    Пехчево 205, активни 15
    Македонска Каменица 195, активни 3
    Дојран 103, активни 7

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира