НОВИ 29 ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС, ПРВИ СЛУЧАИ ВО ВЕЛЕС И ПРИЛЕП, ВКУПНО 177

    НОВИ 29 ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС, ПРВИ СЛУЧАИ ВО ВЕЛЕС И ПРИЛЕП, ВКУПНО 177Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.(Фото: К. Попов)

    Дваесет и девет нови заболени со коронавирус се регистрирани во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство. По градови, новите пациенти со КОВИД-19 се од: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1).

    Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

    Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје – 108, Дебар (41) – 1 починат, Куманово (11) – 1 починат, Штип (7), Велес (3), Кавадарци (2), Охрид (2), Прилеп (2) и едно лице во Гостивар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира