УСТАВНИОТ СУД НЕМА ДА ОДЛУЧУВА ЗА АМНЕСТИЈАТА ЗА 27 АПРИЛ

    УСТАВНИОТ СУД НЕМА ДА ОДЛУЧУВА ЗА АМНЕСТИЈАТА ЗА 27 АПРИЛИницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за амнестија во целина беше поднесена од Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес и иницијативата за членот 2 од истиот закон поднесена од адвокат Јошевска Анастасовска.(Фото: СДК.МК)

    Уставниот суд нема да ја оценува уставноста и законитоста на Законот за амнестија, додека иницијативата за оценка на членот 2 од истиот закон е отфрлена бидејќи веќе е одлучувано по тоа.

    Иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за амнестија во целина беше поднесена од Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес и иницијативата за членот 2 од истиот закон поднесена од адвокат Јошевска Анастасовска.

    Уставниот судија Насер Ајдари, образложувајќи ги иницијативите, рече дека барањата за утврдување на уставност треба да се отфрлат како неосновани бидејќи судот веќе се има произнесено по овој закон.

    „Уставниот суд не може да се става во улога на Собранието, туку тој одлучува дали Собранието имало уставно право да го донесе законот и затоа ваквите прашање за правото на давање амнестија се неосновани, рече Ајдари.

    Според судијата Јован Јосифовски, овие две иницијативи се подробно образложени и треба да се прифатат, особено законот е противуставен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира