В ПОНЕДЕЛНИК ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО СТАПУВА ВО ШТРАЈК, ЌЕ РАБОТИ САМО ПО ЕДЕН ВРАБОТЕН

    В ПОНЕДЕЛНИК ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО СТАПУВА ВО ШТРАЈК, ЌЕ РАБОТИ САМО ПО ЕДЕН ВРАБОТЕНШтајкот во Фондот за здравство доаѓа откако од 9 јануари со препорака од Владата се бара намалување на платите од 21 процент. (Фото: СДК.МК)

    Од понеделник, Фондот за здравство стапува во штрајк. Од Синдикатот на Фондот за здравствено осигурување при УПОЗ најавија дека сите подрачни единици на Фондот ќе штрајкуваат и ќе ги извршуваат само неопходните работни задачи.

    Тоа значи дека само еден вработен во подрачните единици ќе биде задолжен за прием на документи.Ќе  се извршуваат само неопходните работни задачи, како пријава на малолетно лице како член во осигурување, регулирање на осигурување за хоспитализирано лице и лекување во странство за итни случаи.

    Штајкот во Фондот за здравство доаѓа откако од 9 јануари со препорака од Владата се бара намалување на платите од 21 процент.

    Иако Владата го препорачува тоа како усогласување согласно донесениот буџет, согласно пресметките на стручните служби тоа значи дека платите на сите вработени треба да се намалат за 21 процент“, кажа Бранко Аџигогов, претседател на Синдикалната организација на ФЗОМ на прес-коферецијата на 29 јануари.

    Со одлуката се засегнати 831 вработен во ФЗО и ако има намалување на платите, според Аџигогов, 25 проценти ќе добиваат плата со износ под минимална плата, а 25 проценти колку минималната плата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира