Движењето Шарена револуција најави нов протест за понеделник (27 јуни) во 19 часот, пред СЈО.
„Правдата е под сериозна закана. Протестирам! Уставниот суд е под партиска опсада. Протестирам! Груевски и Иванов им се закануваат на граѓаните. Протестирам! Власта сака да преговара тајно. Протестирам! Власта не сака да се чуе мислењето на граѓаните. Протестирам! Продолжуваме, се вклучуваме во решавањето на кризата“, соопшти денеска движењето на својата Фејсбук страница.
Протестите траат 80 дена, а последниот, најмасовен досега беше на 20 јуни, кој заврши со неуспешен обид на активистите на Шарената револуција да го урнат споменикот на Прометеј во паркот Жена-борец во Скопје.