ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП ПОЧНУВА ВО СРЕДА

    ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП ПОЧНУВА ВО СРЕДАВакцината против сезонски грип е незадолжителна и таа се препорачува за постари лица, хронично болни, мали деца и лица со намален имунитет. (Фото:архивска фотографија)

    Вакцинација против сезонски грип ќе почне во среда и ќе се врши во центрите за јавно здравје низ земјава, најави Министерството за здравство.

    Оваа вакцина е незадолжителна и се дава на доброволна база. Таа ги покрива типовите на вируси на грип, кои циркулираат во северната хемисфера, вклучувајќи го европскиот регион и Македонија. Од Министерството за здравство велат дека оваа вакцина е подготвена според препораките од Светската здравствена организација, и штити од два типа на вируси од групата А и еден вирус од групата Б. Производител на вакцината е компанијата Абот од Холандија.

    „Вакцинацијата е единствена превентивна мерка против грип и се препорачува за лицата над 65 години, особено за хронично болните, потоа за малите деца до три годишна возраст, за здравствените работници, за лицата со кардиоваскуларни и респираторни заболувања, како и воопшто за лицата со намален имунитет“, велат од Министерството за здравство.

    Цената на вакцината е 400 денари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира