ВАРДАР ЈА ПОПЛАВИ, „ФАЛАНГА“ НЕ ПОКАЖА ХИДРОЛОШКА СОГЛАСНОСТ ЗА ГАЛИИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВАРДАР ЈА ПОПЛАВИ, „ФАЛАНГА“ НЕ ПОКАЖА ХИДРОЛОШКА СОГЛАСНОСТ ЗА ГАЛИИТЕ

    На кралскиот брод во Вардар „Ројал Македонија“ вчера му се случи она на што залудно поредупредуваа хидролозите – го поплави надојдениот Вардар. Уште кога почна изградбата на оваа галија во 2012 година, прва во низата од шест галии, хидролозите алармираа дека реката може да надојде и да однесе се што ќе и се најде на патот.
    „Вардар има минор и мајор корито. Минор корито е делот каде што е водата, а мајор корито делот кој завршува со ѕидините на кејот. Градби досега не беа дозволени ниту во мајор, ниту во минор коритото од едноставна причина – опасност од поплава. Овие отстапки од правилото се многу невообичаени“, рекоа пред четири години хидролозите и побараа од фирмата која почна да ја гради галијата спроти тетарот да каже кој им дал хидролошка согласност.
    Одговор не добија, а сопственикот на галијата Давор Андреевски од фирмата „Фаланга“  не одговараше ниту на ваквите прашања од новинарите. Тој и вчера не беше достапен за изјава.
    Дали воделе сметка за хидрологијата не кажаа ниту урбанистите кои галиите ги вметнаа во планот „Мал ринг“.
    Изградбата на оваа галија почна со многу неодговорени прашања, а до денес бродот не престана да ја бранува јавноста. Беше пуштен во употреба летото 2014 година и за кусо на него се најдоа сите антички Македонци кои добија споменици во Центарот. Според менито во ресторанот се служи предјадење „Аександар Македонски“, телешки мускул „Букефал“, свинска коленица „Филип Втори“, салата „Олимпија“, салата „Херонеја“ и други јадења со антички имиња.

    Ајкули во водите на Вардар покрај „Ројал Македонија“ беа поставени лани летото

    Ајкули во водите на Вардар покрај „Ројал Македонија“ беа поставени лани летото

    Лани летото, во герила акција, околу оваа галија беа поставени ајкули. Три перки од  ајкули стрчеа над водата близу галијата се додека попладнето командантот на противпожарната бригада на Скопје, Благоја Менковски лично не влезе во вода да ги извади.
    „Парчиња стиропор беа заврзани за камења кои стоеја на дното на Вардар. Водата беше топла, влегов и за кусо време ги извадив“, рече лани командантот Менковски кој објасни дека од Град Скопеј побарале пожарникарите да ги извадат ајкулите од Вардар.

    vozen red

    Неколку дена по ајкулите лани Скопје осамна со возен ред за галиите кои нудеа и меѓународни пловидби до Пустец

    Неколку дена по ајкулите, лани летото Скопје осамна со возен ред за барокните галии. Во нова герилска акција на неколку места низ градот, како и кај галиите беа поставени плакати со возен ред. Претпријатието „Јавна пловидба Скопје“ и „Брод сидро“ како подружница на ЈСП на Град Скопје нудеа домашни пловидби , но и патувања во странство, во Солун, Пустец и Подградец. Герилските акции беа начин да се покаже револтот од проектот „Скопје 2014“.
    Од почетокот на месецов пак оние што сакаат вистински да го дожвеат проектот „Скопје 2014“ имаат можност да спијат во галијата-хотел кај Уставниот суд. Сефте во овој хотел направија  Претседателот на Уставниот суд на Албанија и уште неколку уставни судии и секретарот на судот, кои беа во посета на Уставниот суд на Република Македонија. Тие се збуниле кога место во хотел на копно, домаќините ги сместиле под палубата на галијата во Вардар. Гостите биле изненадени, но официјално не се пожалиле на третманот од домаќините.
    Галијата хотел е поразлична од останатите две галии. Таа има хидраулика, која според најавите, е поставена за да симулира вистинско пловење. Вчера, кога се крена водостојот на Вардар оваа галија не беше загрозена.

    Мовчињата за влез во долното ниво на галијата беа под вода, а вработените поставуваа вреќи со песок на влезовите за да ја сопрат водата

    Мовчињата за влез во долното ниво на галијата беа под вода, а вработените поставуваа вреќи со песок на влезовите за да ја сопрат водата

    За разлика од хотелот, „Ројал Македонија“ се поплави. Водата влегла внатре во ресторанот, па за да се заштитат од персоналот поставија вреќи со песок на вратите на долното ниво. Облечени во високи чизми тие со кофи ја вадеа водата од внатрешноста на галијата. Малите мовчиња кои водат до долното ниво на ресторанот беа целосно под вода.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари