ВЕЉАНОСКИ И ОД РИМ ПОРАЧА: НЕ ГО СВИКУВАМ СОБРАНИЕТО

a:1:{s:9:"td_source";s:61:"Рим,Скопје,(МИА,САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВЕЉАНОСКИ И ОД РИМ ПОРАЧА: НЕ ГО СВИКУВАМ СОБРАНИЕТО

    Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски не попушта пред апелите од стручната јавност, меѓународната заедница и владиниот коалиционен партнер ДУИ да го свика Собранието за да донесе одлука за одложување на изборите на 5 јуни. Тој денеска од Рим уште еднаш порача дека нема уставни можности да свика седница на распуштено Собрание.

    Државната агенција МИА ја пренесе изјавата на Вељаноски.

    „Ја следам ситуацијата во Македонија овие два дена. Запознат сум со случувањата и сите тие барања пред Собранието и за самото Собрание и би сакал да го повторам оној општ став познат што го имав досега искажано дека јас немам уставни можности да свикам седница на распуштено Собрание. Тоа е основото правило на еден уставен и правен поредок на која било држава вклучувајќи и ја и Република Македонија“, изјавил Вељаноски за МИА, денеска во Рим каде што ја предводи македонската делегација по повод чествувањето на свети Кирил.

    vlado-kambovski

    Одговорноста да ја повлечете одлуката за распишување на изборите е лично ваша“, му порача Камбовски на Вељаноски

    Во неделата попладне, академик Владо Камбовски, во изјава за САКАМДАКАЖАМ.МК драматично му порача на Вељаноски веднаш да се врати од Рим и да преземе нешто, оти државата е пред распад.

    “Зошто го комплицирате ова со изборите? Нема потреба. Еве го петти јуни, кампањата на единствената пријавена партија за избори ќе почне, ќе почнат луѓе да се тепаат по улица. Ќе настане општа конфузија, збрка. Одговорноста да ја повлечете одлуката за распишување на изборите е лично ваша“, му се обраќа Камбовски на Вељаноски.

    Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, кој во Рим е заедно со сопругата, ќе се врати од аудиенцијата кај папата Фрањо по повод 24 мај, доцна вечерва. Барањата да се свика Собранието, откако стана јасно дека на изборите на 5 јуни ќе учествува само владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ не го одложија патувањето на Вељаноски. Тој замина на предвремено честувување на браќата Св. Кирил и Методиј оти папата Фрањо поради обврски не можел да ги прими на 24 мај.

    И Трајко Вељаноски е еден од 56-те аболирани политичари од списокот на претседателот Ѓорге Иванов, осомничени или само сведоци во постојни или евентуални предмети за криминал што ги води Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

    Вељаноски беше еден од првите политичари кој побара од претседателот Иванов да ја повлече одлуката за помилување кон него.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира