ВИКЕНДОВ СЕ ДЕЗИНФИЦИРААТ ПРОСТОРИИТЕ И КОЛИТЕ НА ВЛАДАТА И МИНИСТЕРСТВАТА

    ВИКЕНДОВ СЕ ДЕЗИНФИЦИРААТ ПРОСТОРИИТЕ И КОЛИТЕ НА ВЛАДАТА И МИНИСТЕРСТВАТАСредства за дезинфекција на раце се поделени во министерствата и владини институции, намените за вработените и граѓаните. (Фото: Влада)

    Во текот на викендот се дезинфецираат просториите на сите министерства и органи на управата. Дезинфекција ќе се изврши и во вилата Водно на претседателот Стево Пендаровски, магацинските простории на општите служби, како и на возниот парк на Службата за општи и заеднички работи на Владата.

    Од Службата за општи и заеднички работи велат дела врз основа на заклучоците и препораките донесени од Владата, поделени се средства за дезинфекција на раце во повеќе министерства, владини институции, како и во дел од органите во состав на министерствата.

    „Средствата за дезинфекција на раце се наменети за сите вработени во институциите како и за граѓаните што ги користат нивните услуги, зашто здравјето на граѓаните е најважно. Дезинфекција како и снабдувањето на институциите со средства за дезинфекција на раце ќе продолжи во повеќе наврати, особено таму каде што е најголема фреквенцијата и комуникацијата на граѓаните со администрацијата“, велат од Службата за општи и заеднички работи на Влада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира