ВКУПНО 11 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, УШТЕ 340 БОЛНИ ОД КОИ 56 СЕ РЕИНФЕКЦИИ

    ВКУПНО 11 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, УШТЕ 340 БОЛНИ ОД КОИ 56 СЕ РЕИНФЕКЦИИВкупно дијагностицирани досега се 300.106 болни. (Фото: СДК.МК)

    Единаесет лица починаа од компликации на ковид-19, а регистрирани се нови 340 болни.

    Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 2 починати лица од Скопје (84г) и Кичево (75г). Пријавените лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, дополнително се пријавени 9 починати лица од: Скопје (4), Куманово (1), Гостивар (1), Свети Николе (1), Крушево (1) и Гевгелија (1).Починатите лица се на возраст од 63 до 93 години. Лицата за починати се пријавени вопериод од 16.02. до 04.03.2022. Од пријавените 4 лица се починати во болнички услови, а 5 лица се починати во домашни услови. Од вкупниот број на починати лица, кај 8 лица се регистрирани коморбидитети.

    Новите 340 позитивни на ковид-19 се од направени 2.557 тестови, а се од Скопје – 198, Велес – 21, Куманово – 17, Прилеп – 16, Битола – 14, Кавадарци – 13, Тетово – 10, Гостивар и Ресен – по 8, Гевгелија – 7, Кичево и Радовиш – по 5, Кочани – 3, Неготино, Берово и Богданци – по 2, Охрид, Штип, Струга, Крива Паланка, Дебар, Валандово, Кратово, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

    Од вкупниот број на позитивни (340), регистрирани се 56 реинфекции.

    Регистрирани сe 526 оздравени пациенти од: Скопје – 262, Велес – 29, Куманово – 28, Прилеп – 25, Битола – 24, Кавадарци – 23, Тетово – 22, Гостивар – 21, Ресен – 16, Гевгелија – 12, Кичево – 9 , Радовиш, Кочани и Неготино – по 7, Берово, Богданци и Охрид – по 4, Штип, Струга, Крива Паланка и Дебар – по 3, Валандово, Кратово, Демир Хисар и Демир Капија – по 2, Струмица и Свети Николе – по 1.

    Направени се 2.557 тестови преку: ИЈЗ-351, ЦЈЗ Скопје-48, ЦЈЗ Битола-65, ЦЈЗ Прилеп-47, ЦЈЗ Тетово-4, ЦЈЗ Куманово-61, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-17, УК Пулмологија со алергологија –3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–2, Жан Митрев (Филип Втори)-44, Авицена-85, Биотек-142, Систина-57, лабораторија Лаор-46, Синлаб-10, Ремедика-15, Плодност-38, Генеа-4, Никоб Лаб-227, ВФВ Медикал-26, Ели Медика-17, Ројал Медика–5, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–13, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.200.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.910.601 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 300.106, бројот на оздравени пациенти е 288.761, на починати е 9.097 а бројот на активни случаи изнесува 2.248.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Дистрибуција по градови

    Скопје 140127, Активни 1291
    Куманово 16319, Активни 106
    Битола 14366, Активни 113
    Прилеп 13689, Активни 122
    Тетово 13353, Активни 73
    Кавадарци 10215, Активни 85
    Велес 9528, Активни 96
    Гостивар 9467, Активни 31
    Охрид 8542, Активни 33
    Штип 7920, Активни 22
    Струмица 7915, Активни 14
    Кичево 5455, Активни 38
    Кочани 4985, Активни 12
    Струга 4656, Активни 20
    Гевгелија 4288, Активни 33
    Неготино 3622, Активни 20
    Ресен 2618, Активни 40
    Свети Николе 2605, Активни 5
    Радовиш 2484, Активни 12
    Крива Паланка 2382, Активни 14
    Делчево 1900, Активни 0
    Дебар 1648, Активни 13
    Берово 1630, Активни 6
    Валандово 1460, Активни 4
    Виница 1350, Активни 5
    Пробиштип 1259, Активни 4
    Богданци 1004, Активни 5
    Кратово 942, Активни 9
    Крушево 908, Активни 2
    Демир Хисар 815, Активни 9
    Македонски Брод 731, Активни 3
    Демир Капија 581, Активни 4
    Македонска Каменица 521, Активни 3
    Пехчево 482, Активни 1
    Дојран 339, Активни 0

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира