ВКУПНО 13 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС, ОД КОИ 5 ВО СЕПТЕМВРИ, УШТЕ 421 ПОЗИТИВЕН ОД 2.900 ТЕСТОВИ

    ВКУПНО 13 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС, ОД КОИ 5 ВО СЕПТЕМВРИ, УШТЕ 421 ПОЗИТИВЕН ОД 2.900 ТЕСТОВИAктивни се 6.602 болни. (Фото: СДК.МК)

    Вкупно 13 починати од ковид-19, од кои 5 во септември, и уште 421 позитивен од 2.900 тестови се регистрирани изминативе 24 часа, соопшти Министерството за здравство.

    Во текот на изминатите 24 часа починале 8 лица, 3 од Скопје (86г, 74г, 69г) и по едно од Кратово (88г), Велес (75г), Виница (66г), Куманово (64г) и Охрид (61г). Сите пријавени се починати во болнички услови.

    Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 06.09.2021 до 28.09.2021 година. Регистрирани се 3 починати лица од Скопје и по едно од Гевгелија и Битола, на возраст од 67 до 94 години. Од пријавените, 2 лица се починати во болнички, а 3 во домашни услови.

    Новорегистриранитепозитивни се од Скопје – 211, Куманово – 32, Штип – 26, Велес – 25, Кавадарци – 19, Кочани – 15, Прилеп – 13, Охрид – 12, Македонска Каменица – 9, Гевгелија – 7, Струмица, Кичево и Крива Паланка – по 6, Свети Николе – 5, Гостивар – 4, Битола, Радовиш, Берово, Виница и Демир Хисар – по 3, Кратово и Богданци – по 2, Тетово, Неготино, Ресен, Пробиштип, Валандово и Крушево – по 1.

    Регистрирани сe 395 оздравени пациенти од: Скопје – 220,Куманово – 31, Струмица – 20, Охрид и Тетово – по 14, Кочани – 12, Битола – 10, Штип, Велес и Кавадарци – по 9, Кратово – 7, Кичево – 6, Гевгелија и Крива Паланка – по 5, Гостивар и Пробиштип – по 4, Прилеп и Богданци – по 3, Неготино и Пехчево – по 2, Берово, Демир Хисар, Ресен, Валандово, Струга и Македонски Брод – по 1.

    Направени се 2.900 тестови преку: ИЈЗ-278, ЦЈЗ Скопје-73, ЦЈЗ Битола-70, ЦЈЗ Прилеп-42, ЦЈЗ Тетово–38, ЦЈЗ Куманово-61, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-26, УК Пулмологија со алергологија –0,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–156,Жан Митрев (Филип Втори)-65, Авицена-135, Биотек-98, Систина-61, лабораторија Лаор-98, Синлаб-13, Ремедика-23, Плодност–16, Генеа-6, Никоб лаб-220, ВФВ Медикал-28, Ели Медика-24, Ројал Медика –4, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.362.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.333.204 тестирањана ковид-19.Вкупно ковид дијагностицирани досега се 195.963, од кои оздравени се 182.473, починати се 6.888, а активни се 6.602 болни.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
    Скопје 85553 3308
    Куманово 11779 543
    Тетово 10891 170
    Прилеп 9183 193
    Гостивар 7985 65
    Битола 7214 190
    Велес 6465 304
    Кавадарци 6061 162
    Охрид 6053 206
    Штип 5899 212
    Струмица 5822 185
    Кичево 4029 131
    Струга 3810 60
    Кочани 3375 129
    Гевгелија 2468 63
    Неготино 2332 22
    Свети Николе 1947 95
    Радовиш 1556 60
    Ресен 1547 44
    Крива Паланка 1514 121
    Дебар 1451 22
    Берово 1217 14
    Делчево 1127 41
    Виница 1062 45
    Пробиштип 944 34
    Валандово 833 18
    Кратово 612 50
    Богданци 564 17
    Крушево 536 13
    Македонски Брод 476 11
    Демир Хисар 461 32
    Демир Капија 410 1
    Македонска Каменица 332 40
    Пехчево 315 0
    Дојран 140 1

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира