ВКУПНО 18 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС И УШТЕ 432 ПОЗИТИВНИ ОД 2.663 ТЕСТОВИ

    ВКУПНО 18 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС И УШТЕ 432 ПОЗИТИВНИ ОД 2.663 ТЕСТОВИАктивни се 8.334 болни. (Фото: СДК.МК)

    Вкупно 18 починати од ковид-19 и уште 432 позитивни од 2.663 тестирања, се регистрирани иминативе 24 часа, соопшти Министерството за здравство.

    Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 4 починати лица од Скопје (45г, 78г, 88г и 90г), по 2 починати лица од Куманово (42г и 70г), Битола (51г и 68г) и Прилеп (66г и 70г), и по едно починато лице од Делчево (74г), Велес (79г) и Кочани (55г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

    Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени пет починати лица со датум на смрт од 04.11.2021 до 09.11.2021. Регистрирани се починати лица од Крива Паланка (2), Скопје (1), Прилеп (1) и Виница(1), на возраст од 57-82г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 4 лица се починати во болнички услови.

    Новорегистрираните се во Скопје – 142, Битола – 47, Прилеп – 31, Куманово – 22, Кавадарци – 19, Тетово, Велес и Кочани – по 18, Штип и Радовиш – по 12, Демир Хисар – 9, Гевгелија, Ресен и Делчево – по 8, Виница – 7, Гостивар, Неготино, Крива Паланка, Берово и Кратово – по 6, Охрид и Кичево – по 5, Струмица – 4, Крушево – 3, Македонска Каменица – 2, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1.

    Регистрирани сe 448 оздравени пациент од: Скопје – 186, Куманово – 42, Прилеп и Велес – по 26, Кавадараци – 21, Битола – 19, Кочани и Штип – по 16, Тетово и Крива Паланка – по 14, Кичево – 9, Пробиштип – 8, Неготино и Охрид – по 6, Гевгелија и Делчево – по 5, Демир Хисар и Струга – по 4, Кратово и Свети Николе – по 3, Радовиш, Гостивар, Берово, Струмица и Валандово – по 2, Ресен, Македонска Каменица, Богданци, Пехчево и Македонски Брод – по 1.

    Направени се 2.663 тест преку: ИЈЗ-300, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-103, ЦЈЗ Прилеп-37,

    ЦЈЗ Тетово–65, ЦЈЗ Куманово-52, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-15, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–4, Жан Митрев (Филип Втори)-64, Авицена-109, Биотек-175, Систина-49, лабораторија Лаор-66, Синлаб-16, Ремедика-16, Плодност–57, Генеа-3, Никоб лаб-184, ВФВ Медикал-34, Ели Медика-14, Ројал Медика –9, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.217.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.418.655 тестирања на ковид-19. Вкупно дијагностицирани досега се 207.998, од кои оздравени се 192.370, починати се 7.294, а активни се 8.334 болни.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
    Скопје 90894, активни 3773
    Куманово 12587, активни 388
    Тетово 11193, активни 222
    Прилеп 9786, активни 397
    Гостивар 8035, активни 42
    Битола 7954, активни 606
    Велес 7033, активни 360
    Кавадарци 6575, активни 349
    Штип 6376, активни 257
    Охрид 6250, активни 213
    Струмица 5960, активни 108
    Кичево 4177, активни 113
    Струга 3865, активни 50
    Кочани 3767, активни 233
    Гевгелија 2658, активни 138
    Неготино 2476, активни 96
    Свети Николе 2059, активни 86
    Крива Паланка 1772, активни 167
    Радовиш 1666, активни 84
    Ресен 1639, активни 79
    Дебар 1453, активни 3
    Берово 1310, активни 63
    Делчево 1257, активни 108
    Виница 1119, активни 44
    Пробиштип 1081, активни 68
    Валандово 871, активни 20
    Кратово 704, активни 62
    Богданци 608, активни 28
    Крушево 571, активни 31
    Демир Хисар 544, активни 72
    Македонски Брод 482, активни 6
    Демир Капија 414, активни 5
    Македонска Каменица 383, активни 53
    Пехчево 326, активни 3
    Дојран 153, активни 7

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира