ВЛАДАТА ГИ УКИНА РЕШЕНИЈА НА МИНИСТРИТЕ ОД СДСМ, ТИЕ ВРАТИЈА ДЕКА ИЗБОРИТЕ СЕ НЕВОЗМОЖНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:23:"Скопје(МЕТА)

    ВЛАДАТА ГИ УКИНА РЕШЕНИЈА НА МИНИСТРИТЕ ОД СДСМ, ТИЕ ВРАТИЈА ДЕКА ИЗБОРИТЕ СЕ НЕВОЗМОЖНИ

    Сите решенија што ги донеле министрите на СДСМ во периодот од 11 ноември минатата година до 7 април годинава, Владата ги поништила на вчерашната седница на барање на дополнителните заменици министри од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Чавков и Диме Спасов, информираат од Владата.

    „Со ваквата одлука, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги прават изборите невозможни бидејќи ова е техничка влада за спроведување на фер избори. Сите одлуки поврзани со изборите мора да бидат потврдени од опозицијата. Ова е директна потврда и доказ дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ немаат никаква намера да организираат регулатни, фер и демократски избори“, реагира министрите и замениците на министрите од СДСМ.

    Оливер Спасовски, технички министер за внатрешни работи изјави дека Владата направила ново поништување на договорот од Пржино.

    Во соопштението на Владата се вели дека при носењето на еднострани и противзаконски акти, министрите на СДСМ не ги почитувале законите, односно „не ги донеле овие акти во согласност со дополнителниот заменик министер, не ги консултирале дополнителните заменици министри и на овие акти кои Владата им ги поништува нема потпис од дополнителниот заменик министер, од што произлегува дека тие акти се незаконски донесени и се спротивни на Законот за влада и затоа Владата ги поништи овие нивни акти. Владата наложи во Министерството за внатрешни работи и во Министерството за труд и социјална политика да се воспостави претходната состојба, каква што била пред донесувањето на наведените противзаконски и еднострани акти, кои Владата ги поништи“, наведено е во соопштението.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари