ВЛАДАТА ГО УКИНА ПОСЕБНИОТ ПОЛИЦИСКИ ЧАС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ И МАЛОЛЕТНИ

    ВЛАДАТА ГО УКИНА ПОСЕБНИОТ ПОЛИЦИСКИ ЧАС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ И МАЛОЛЕТНИОд денеска полицискиот час и за лицата над 67 години и младите до 18 години ќе биде од 19 до 5 часот. (Фото: Ѓ.Личовски)

    Со одлука на Владата од денеска и за пензионерите и за младите, полицискиот час ќе биде од 19 до 5 часот наутро, како за останатите граѓани. Со владина одлука заради спречување на ширење на КОВИД-19 лицата над 67 години можеа да се движат од 5 до 12 часот, а младите до 18 години од 12 до 19 часот.

    Вчера Уставниот суд изрече времена забрана за ограничување на движењето за овие две категории, а поведе и постапка за тие ограничувања и на некоја од наредните седници ќе се гласа за уставноста на полицискиот час за малолетниците и пензионерите, за кој што мнозинството од уставните судии сметаат дека е дискриминаторски.

    На вчерашната владина седница усвоена е Одлуката за максимален износ на ново задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал. Од Владата велат дека предложениот максимален износ на новото задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал – еврообврзница во износ до 800 милиони евра ќе обезбеди финансиски средства за буџетска поддршка на Република Северна Македонија во 2020 и 2021 година и за рефинансирање на обврските кои достасуваат по основ на отплата на државниот долг.

    А. АНТЕВСКА

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари