ВЛАДАТА ГО УСВОИ ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА И ЌЕ ГО ИСПРАТИ ДО СОБРАНИЕ

    ВЛАДАТА ГО УСВОИ ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА И ЌЕ ГО ИСПРАТИ ДО СОБРАНИЕОд Владата велат дека предлог-законот за ратификација на договорот со Грција за решавање на спорот за името ќе го достават до Собранието на Република Македонија. (Фото: Влада)

    Владата на денешната 74 седница го усвои предлог – законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликата како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), престанување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните, на предлог на Министерството за надворешни работи.

    Од Владата велат дека предлог-законот за ратификација на договорот со Грција за решавање на спорот за името ќе го достават до Собранието на Република Македонија.

    Договорот вчера беше потпишан во селото Псарадес (Нивици) на грчката страна Преспанското езеро, а го потпишаа министрите за надворешни работи на Грција и на Македонија Никос Коѕијас и Никола Димитров, во присуство на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев.

    Со овој договор е предвидени новото име на земјата да биде Република Северна Македонија со превод на сите јазици, за севкупна употреба и да се прецизира со амандман во Уставот. Јазик е македонски без фуснота и потврден од ООН, националност–македонска/граѓани на Северна Македонија (Macedonian/Citizens of North Macedonia).

    Новото име Република Северна Македонија ќе почне да се употребува на меѓународен план откако договорот со Република Грција ќе биде ратификуван од парламентите на двете земји, а во Македонија претходно треба да се спроведе референдум.

    На внатрешен план новото име на земјата ќе се употребува по отворање на поглавјата за преговори за членство во ЕУ, но не подоцна од пет години од потпишување на договорот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира