Владата в сабота организира забава во 15 града по повод добивањето покана од НАТО да станеме 30-та членка, најави премиерот Зоран Заев од Брисел.
„Ве повикувам во сабота, на 14 јули, да прославиме заедно во градовите низ Македонија по добивањето на поканата за влез НАТО. Владата подготвува прослави во 15 градови каде што со домашна музика ќе си честитаме затоа што одиме напред, Македонија влегува во НАТО и чекори кон ЕУ“, изјави Заев.
Владата ја соопшти програмата по градови:
- Скопје: Кирил Џајковски, Архангел, Quepurdat
- Битола: Дејан Декс, Flooder, Дуке Бојаџиев, Горан Кан.
- Велес: Ферус Мустафов, Слаткар
- Гевгелија: Бени Нон Стоп + Златко Ориѓански, Ерик Фокс
- Гостивар: Феки Ферис, Ареа
- Кавадарци: Кристина Арнаудова, Нокаут
- Кичево: Адријан Гаџа, Владо Јаневски
- Кочани: Лепи Џони, Баклава, Conquering Lion
- Куманово: Мухамед Ибрахими,Шутка Рома Рап, ПМЏ Колектив, Фолтин
- Охрид: Лозано, Исмаил Лумановски
- Прилеп: 5 Плус Бенд
- Струга: Бла бла бла, САФ, Маци Стојановиќ
- Струмица: Чалгија Саунд Систем, Љубојна
- Тетово: Биг Мама, Хај Контрол, Шпат Касапи, Дани Димитровска
- Штип: Елена Ристовска, ДНК