Владиниот агент од Министерството за правда предложил, а Владата одлучила да не ја прифати можноста за спогодба со обвинетите поранешни функционери, кои ја тужеа државата дека ги гони, пред Стразбур, повикувајќи се на амнестијата од поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Државата во Европскиот суд за човекови права и слободи во Стразбур ја тужат Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков, Миле Јанакиески и други поранешни високи функционери, обвинети од СЈО.
„Помилувањата беа дадени спротивно на домашното право и беа причина за револт и големи граѓански протести. Нивното поништување подоцна, повторно ја наруши правната рамнотежа. Владата ќе ги брани своите позиции во Стразбур. Владата не ја загрозува пресупмпцијата на невиност на обвинетите. Сакаме низ судска постапка да се расчистат обвиненијата за криминал, организиран криминал и корупција“, рече министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција..
Владиниот агент до Европскиот суд за човекови слободи и права треба да го прати одговорот до 18 декември годинава.
С. К. ДЕЛЕВСКА