И ВЛАДАТА ПРОКИСНА ОД ДОЖДОТ, ЌЕ СЕ ПОПРАВА ОД УТРЕ

    И ВЛАДАТА ПРОКИСНА ОД ДОЖДОТ, ЌЕ СЕ ПОПРАВА ОД УТРЕ„Не е првпат да прокисне Владата, тоа се случува на секој дожд“, вели генералниот секретар Драги Рашковски. (архивска фотографија)

    Од обилниот дожд и невремето прокисна вчера и барокот со кој е завиткана Владата. Информацијата за САКАМДАКАЖАМ.МК ја потврди генералниот секретар Драги Рашковски.

    „Владата прокисна на директно отворените места. И не е првпат, кисне на секој дожд. Таков е квалитетот на изработката. Водата лази по плафоните, под светилките и лустерите, а потоа и надолу по ѕидовите. Затоа ние тука не ја собираме со кофи како во Архивот“, вели Рашковски.

    Тој најавува дека од понеделник ќе мора да се почне со поправки, зашто фасадата, плафоните и ентериерот веќе имаат штета.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира