Владата соопшти дека внимателно го следи развојот на настаните во врска со водоснабдувањето во Гостивар и донесе одлука за обезбедување 50.000 литри вода на ден во следните денови, со цел да се обезбедат основните потреби на населението додека траат мерките и препораките на надлежните институции.
Дистрибуцијата на водата ќе се реализира на следните пунктови: Водостопанство Гостивар, ул. ЈНА бр. 139, градинка „Пролет“, ул. Беличица бр. 47, Средно економско училиште, ул. Живко Брајковски бр. 39, ЈП „Национални шуми“ – подружница „Шар“, ул. Браќа Ѓиноски бр. 165, АД ЕСМ – подружница кај гаражите (питарница), ул. Илинденска, Општа болница „Ферид Мурад“ – паркинг, ул. Чеде Филиповски бр. 29 и Територијална противпожарна единица, ул. Беличица бр. 35.
„Сите надлежни институции продолжуваат со интензивните контроли, анализи и истражни дејствија за утврдување на причините за настанатата состојба. Очекуваме целосно расчистување на случајот, а секој за кој ќе се утврди одговорност, ќе сноси одговорност согласно закон. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат препораките на надлежните институции и информациите да ги следат исклучиво преку официјалните канали, со цел навремено и точно информирање“, соопшти Владата.



