ВЛАДИКАТА АГАТАНГЕЛ ПОВИКУВА НА ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ИЗМИСЛЕНО УРИВАЊЕ ЦРКВА, СЕ ГЛЕДА НА СНИМКИТЕ НА СУДЕЊЕТО ЗА НАСИЛСТВА И ШАМАРИ ВО ЦЕНТАР

    ВЛАДИКАТА АГАТАНГЕЛ ПОВИКУВА НА ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ИЗМИСЛЕНО УРИВАЊЕ ЦРКВА, СЕ ГЛЕДА НА СНИМКИТЕ НА СУДЕЊЕТО ЗА НАСИЛСТВА И ШАМАРИ ВО ЦЕНТАРПоранешниот градоначалник на Општина Центар Андреј Жерновски пред Основниот суд Скопје 1 (архивска фотографија)

    Со снимки од нападнатата барака во Општина Центар, со викотници дека ќе им купат мртовечки сандаци на тогашниот градоначалник Андреј Жерновски и на советниците, со снимки од удирање и кршење стакла и инвентар, почна изведувањето материјални докази во Основниот суд Скопје 1, за случајот на СЈО Насилство и шамари во Центар. На снимките, владиката Агатангел повикуваше на протести и ја лажеше толпата дека советот ќе носел одлука да ја урне црквата. Но, него го нема во обвинението.

    Се прикажуваат снимки од надвор, каде што се гледаат сите обвинети насилници и тие се најбрутални во однесувањето. Се гледа на снимките дека неколкумината полицајци не мрдаат со прст додека бараката, градоначалникот и советниците се под опсада.

    Сепак, пострашни се видеоснимките одвнатре. Атмосферата е клаустрофобична, советниците од СДСМ се исплашени, навредувани, а тие од ВМРО-ДПМНЕ бараат прекин на седницата.

    Насилниците протестираат зашто ќе се рушела црквата „Свети Константин и Елена“ на улица Македонија. На друга снимка, Жерновски им дава изјава на новинарите дека толпата надвор е изманипулирана, бидејќи не постои точка на дневен ред за уривање на каков било објект во Центар, а пак за црква воопшто. Кажува дека седницата на советот е за да се ревидира ДУП-от и да се консултираат граѓаните, за да престане самоволието на владата на Никола Груевски во сеча на дрвја и градби во општина Центар кај што ќе им текне.

    Инструирани од Груевски и обвинетиот Миле Јанакиески, учесниците во толпата ставаат крстови на вратовите и протестираат против измисленото уривање на црква. Во два наврата тие ја кршат општината, ги навредуваат, им ги покажуваат половите органи и им се закануваат со живот на советниците од СДСМ, а на една советничка од разлетаните стакла и го расекуваат окото.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари