ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ДА ГИ БОЈКОТИРА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ, МОЖЕ ДА ИМА ИЗНЕНАДУВАЊЕ СО КАНДИДАТОТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ, ВЕЛИ ВИСОК ПАРТИСКИ ФУНКЦИОНЕР

    ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ДА ГИ БОЈКОТИРА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ, МОЖЕ ДА ИМА ИЗНЕНАДУВАЊЕ СО КАНДИДАТОТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ, ВЕЛИ ВИСОК ПАРТИСКИ ФУНКЦИОНЕРНа конвенцијата во Струга на 16 февруари партијата ќе го утврди партискиот кандидат за претстојните претседателски избори.(Фото:СДК.МК)

    Најдоцна до 5 февруари ќе се знае кој се конкурирал за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, откако вчера истече рокот за пријавување кандидатури. На конвенцијата во Струга на 16 февруари партијата ќе го изгласа партискиот кандидат за претстојните претседателски избори.

    ВМРО-ДПМНЕ донела став дека нема да ги бојкотира претседателските избори.

    „Нема да ги бојкотираме претседателските избори, одиме за да победиме. На конвенцијата во Струга ќе се знаат кандидатите, може да има и изненадување, уште е рано да објавиме во јавноста“, вели висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, кој сака да остане анонимен додека партијата и официјално не го соопшти претседателскиот кандидат.

    Од ВМРО-ДПМНЕ за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека најдоцна за пет дена ќе се знаат колку кандидатури се добиени. Не кажуваат дали освен Ѓорчев и Петровски, била предложена како непартиски кандидат професорката на Правниот факултет Гордана Силјановска-Давкова.

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју со новинарите на Македонската радиотелевизија рече дека ќе почекаат неколку дена да пристигнат и кандидатурите пратени по пошта и потоа ќе ги соопштат сите кандидати.

    Триесетина професори упатија јавен повик барајќи јавноста да застане зад кандидатурата на професорката Гордана Силјановска-Давкова како непартиски претседателски кандидат.

    Ниту професорката Силјановска досега се нема произнесено во јавноста дали би прифатила да биде непартиски кандидат на опозицијата.

    Покрај Влатко Ѓорчев, кој официјално кажа дека поднел кандидатура за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, и Филип Петровски, еден од лидерите на движењето „Бојкотирам“ поднел кандидатура во партијата.

    „Апелирам до ВМРО – ДПМНЕ да ја прифати мојата кандидатура и заедно да го поразиме Зоран Заев.“, напиша Петровски на Фејсбук.

    Претседателот на Собранието Татат Џафери најави дека претседателските избори ќе ги распише најдоцна до 8 февруари, а тие ќе се одржат на 21 април и 5 мај.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира