ВМРО-ДПМНЕ ПАК БАРА НОВ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ И ТЕХНИЧКА ВЛАДА 100 ДЕНА ПРЕД ИЗБОРИ ИЛИ НАПУШТАЊЕ НА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА И НОВО СЈО, КАЖА МИЦКОСКИ

    ВМРО-ДПМНЕ ПАК БАРА НОВ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ И ТЕХНИЧКА ВЛАДА 100 ДЕНА ПРЕД ИЗБОРИ ИЛИ НАПУШТАЊЕ НА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА И НОВО СЈО, КАЖА МИЦКОСКИпремиерот Зоран Заев да го отфрли Договорот со Грција, а по изборите да се формира ново јавно обвинителсто за организиран криминал кое ќе ги преземе случаите на СЈО и ќе ги истражи и криминалите на владата на Заев, е понуденото второ решение на Мицкоски (Фото: СДК.МК)

    ВМРО-ДПМНЕ и натаму бара да се формира техничка влада најмалку 100 дена пред изборите според Пржинскиот договор, да се избере нов Јавен обвинител на предлог на опозицијата, како и да се формира посебна собраниска комисија која ќе ги испита и утврди одговорностите за злоупотребите направени при референдумското изјаснување за Договорот за името, рече денеска лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и кажа оти Македонија е пред нова политичка криза.

    Тој понуди и второ решение, премиерот Зоран Заев веднаш да го отфрли Договорот со Грција, а по изборите да се формира ново јавно обвинителсто за организиран криминал кое ќе ги преземе случаите на СЈО и ќе ги истражи и криминалите на владата на Заев.

    „Власта ме обвинува дека сум барал и тајно преговарал некаква општа амнестија и сака да ме девалвира мене лично и да ја дефокусира јавноста од сите нејзини криминали. Ниту сум условувал ниту сум уценувал било кого, оти сите пратеници исто како и владата треба да работат за доброто на народот. Нудам второ решение: Заев веднаш да се откаже од Договорот со Грција, и потоа ајде на избори па народот да одлучи. После изборите ќе поддржиме создавање нова обвинителска институција за сузбивање на организиран криминал и корупција веднаш по завршување на мандатот на постојното полтизирано СЈО со јавен обвинител по консензус од партиите, и ќе работи на случаи од постојното СЈО и да ги доиспита и анализира незаконски снимените материјали за кои се тврдеше дека не ги истражило, а и сите афери и криминали од постојната влада и од референдумското изјаснување, а кои се однесуваат на Зоран Заев и СДСМ“, рече Мицкоски.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира