ВМРО-ДПМНЕ ПОЧНА СО БЛОКАДИТЕ, БАРА УВИД ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА

    ВМРО-ДПМНЕ ПОЧНА СО БЛОКАДИТЕ, БАРА УВИД ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈАОд блокадата на крстосницата кај поранешна „Нова Македонија“. (Фото: К. Попов)

    ВМРО-ДПМНЕ денеска почна со блокадите на крстосници во Скопје и други градови низ републиката, кои вчера ги најави претседателот на опозициската партија Христијан Мицкоски. Како што кажа Мицкоски, блокадите ќе траат секој ден сè додека власта не ѝ даде  увид на јавноста во преговорите со Бугарија.

    ВМРО-ДПМНЕ ги блокира трите најпрометни крстосници во Скопје, кај Собрание, „Мавровка“ и кај поранешна „Нова Македонија“ во периодот од 15 до 17 часот.

    Потпретседателот на партијата Владо Мисајловски денеска, на блокадата кај Собрание, кажа дека бараат власта да каже дали се преговара за идентитетот или за јазикот.

    Премиерот Зоран Заев, кој денеска имаше прес-конференција на економски теми, кажа дека не ги разбира блокадите на ВМРО-ДПМНЕ.

    Тој рече дека со Бугарија се преговара за патоказот за пристапните преговори со ЕУ, при што се водат разговори на секторско ниво за изградба на железници, патишта, Коридорот 8 и конекција меѓу двете земји, соработка помеѓу министерствата за култура, за образование и наука, за труд и социјална политика и за здравство, како и помеѓу агенциите за млади и спорт и националните радиодифузни сервиси.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира