ВМРО-ДПМНЕ ПОДНЕСЕ 180 АМАНДМАНИ НА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ, СОБРАНИЕТО ЧЕКА ВЛАДАТА ДА ГИ ПРАТИ УСТАВНИТЕ АМАНДМАНИ

    ВМРО-ДПМНЕ ПОДНЕСЕ 180 АМАНДМАНИ НА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ, СОБРАНИЕТО ЧЕКА ВЛАДАТА ДА ГИ ПРАТИ УСТАВНИТЕ АМАНДМАНИСо предлог измените и дополнувањата на буџетот за 2018 година, планирано е вкупните приходи да бидат 192,5 милијарди денари, место првично планираните 193,5 милијарди денари, а вкупните расходи да бидат 210,5 милијарди денари место првично планираните 211,7 милијарди денари. - Министерот за фианснии Драган Тевдовски на собраниската Комисија за финансирање и буџет во јули 2017 година (Фото: СДК.МК)

    Денес почнува расправата во собраниската Комисија за финансирање и буџет за предлогот на владата за ребаланс на буџетот за 2018 година. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат околу 180, а партиите на Албанците над десеттина амандмани.

    Ако денес ги прати владата и нацрт уставните амандмани, собраниски извори за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека на редовната координација на координаторите на пратеничките групи во Собранието во 10 часот ќе се знае каква ќе биде динамиката и роковите за нивно разгледување.

    Според собранискиот Деловник, кога почнува расправа за буџет, Собранието не држи седници, туку работат Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. Но, нема никаква деловничка пречка да работат и други Комисии.

    Според Деловникот, целата процедура за донесување на ребалансот на Буџетот треба да заврши за околу 20 дена, или околу 15 ноември. За среда е закажана и седница на која ќе се поставуваат пратенички прашања, па Комисијата за финансирање и буџет ќе ја прекине работата.

    Со ребалансот на буџетот на Република Македонија плус пари ќе добијат Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за вработување. Се префрлаат дополнителни средства за овие фондови за да може непречено да се исплаќаат пензиите, и за да можат граѓаните непречено да ги остваруваат правата на здравствена заштита и боледување, како и правото на надомест по основ на невработеност.

    Со ребалансот на буџетот се предлага приходите да се намалат за милијарда денари, а расходите за 1,2 милијарди денари. Со предлог измените и дополнувањата на буџетот за 2018 година, планирано е вкупните приходи да бидат 192,5 милијарди денари, место првично планираните 193,5 милијарди денари, а вкупните расходи да бидат 210,5 милијарди денари место првично планираните 211,7 милијарди денари.

    „Постапката за измени и дополнувања на Буџетот за 2018 година, Владата ја иницира во овој период за да се запазат роковите согласно законската регулатива за негово усвојување во Собранието до 15 ноември“, изјавија од Владата, по седницата кога беше утврден ребалансот, на 14 октомври.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира