ВМРО-ДПМНЕ СО ИНТЕРПЕЛАЦИЈА ЗА СПАСОВСКИ ЗА СЕЛЕКТИВНО РАБОТЕЊЕ, ЗА БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИ ЌЕ ГО ЧЕКААТ ИЗВЕШТАЈОТ НА ИНСТИТУЦИИТЕ

    ВМРО-ДПМНЕ СО ИНТЕРПЕЛАЦИЈА ЗА СПАСОВСКИ ЗА СЕЛЕКТИВНО РАБОТЕЊЕ, ЗА БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИ ЌЕ ГО ЧЕКААТ ИЗВЕШТАЈОТ НА ИНСТИТУЦИИТЕКоординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на прес-конференција во Собранието (Фото: СДК.МК)

    Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Како што кажа координаторот на опозициската партија Никола Мицевски, интерпелацијата ја поднесуваат поради неспособност и селективност со што не ги штити јавниот интерес и граѓаните.

    „Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во МВР работи селективно, по директиви на партијата, а не за штитење на јавниот интерес. Зголемен е степенот на корупција, според последното истражување на ’Транспаренси интернешнл‘. Граѓаните немаат доверба во министерството, а тоа го покажува извештајот на Еуробарометер од септември, според кое во МВР имаат доверба само 30 отсто од граѓаните, а над 60 немаат доверба“, изјави Мицевски на прес-конференција во Собранието и додаде дека поднесуваат оваа интерпелација за да ги спасат граѓаните и да спречат понатамошно влошување на состојбата.

    На новинарско прашање дали во интерпелацијата е ставено и бегството во Унгарија на осудениот експремиер Никола Груевски, Мицевски рече дека ќе почекаат на извештајот на институциите за бегството.

    „Кога ќе биде изготвен извештајот од институциите, за кои само слушаме дека работат, тогаш ќе го кажеме нашиот став. Прво треба да се изјаснат институциите“, кажа Мицевски.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира