ВМРО-ДПМНЕ СО СОВЕТНИКОТ НА ВМРО-НП ЈА ПРЕЗЕДЕ ВЛАСТА ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА

a:1:{s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВМРО-ДПМНЕ СО СОВЕТНИКОТ НА ВМРО-НП ЈА ПРЕЗЕДЕ ВЛАСТА ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА

    Советникот Мето Витанов од ВМРО-НП премина во советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, со што СДСМ го загуби мнозинството во Советот на Општина Струмица. Ова денеска го соопшти Зоран Пакетов на прес-конференција на која присутен беше и советникот Витанов.  Витанов не сакаше да објасни кои се причините за негово напуштање на коалицијата со СДСМ.

    Советниците на ВМРО ДПМНЕ побараа итна седница на Советот за избор на вд градоначалник на Струмица.

    „Коалицијата предводена од ВМРО-ДМПНЕ за подобра Македонија и ВМРО НП имаат легитимно мнозинство во Советот на Општината. Бараме итно да се свика седница на која ќе се верификува новото советничко мнозинство и ќе се избере нов претседател на Советот. Ќе побараме избор на нов градoначалник, зашто Зоран Заев нема легитимет, не е веќе власт во Струмица. Ова е нов почеток за Струмица, почнува транспарентно и отчетно работење“, рече Пакетов.

    Досега, во Советот коалицијата предводена од СДСМ имаше 12 места, а коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 11 места.

    По престанувањето на мандатот на градоначалникот Зоран Заев поради пратеничкиот мандат во Собранието на РМ, тој за заменик градоначалник го именува советникот Костадин Костадинов од СДСМ, кој оваа функција ќе ја врши до изборот на в.д. градоначалник, кој се бира од редот на советниците.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира