ВНИМАВАЈТЕ СО ТРОТИНЕТИТЕ, ВО 2019 ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНАЛО, ЛАНИ ДВАЈЦА БИЛЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ

    ВНИМАВАЈТЕ СО ТРОТИНЕТИТЕ, ВО 2019 ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНАЛО, ЛАНИ ДВАЈЦА БИЛЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНИЕлектричен тротинет не смее да се вози по улици и булевари туку само по патеки. (Фото: СДК.МК)

    Во 2019 едно лице кое управувало со тротинет загинало во сообраќајна несреќа, а лани две лица биле тешко повредени. Откако електричните тротинети од пред две-три години станаа присутни на улиците, тротоарите и велосипедските патеки и кај нас, од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелираат да се почитуваат ообраќајните правилата кои важат за управување на тротинет.

    „Учесниците во сообраќајот со електричен тротинет треба да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, заради безбедност бидејќи и тие се активен учесник во сообраќајот. Лани се регистрирани 16 сообраќајни несреќи направени со тротинет од кои две лице се здобиле со тешки повреди. Во 2019 едно лице загина“, велат од Републичкиот совет за безбедноста на сообраќајот на патиштата.

    Присуството на тротинетите во сообраќајот носи многу придобивки, отвара многу алтернативи за надминување на проблемот со сообраќајниот метеж, гужвата и бучавата во сообраќајот, континуираниот недостаток на паркинг места,  влијае на намалување на загадувањето, но носи и закани за безбедноста на учесниците во сообраќајот.

    Од Републичкиот освет за безбедност на сообраќајот велат дека и за управување на тротинет постојат сообраќајни правила односно кој, како, кога и каде може да управува електричен тротинет:

    • Електричен тротинет може да управува лице кое навршило 14 години
    • Возачот на електричен тротинет е должен да го управува тротинетот по велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку истите не се изградени, по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци.се забранува движење со тротинет на коловоз
    • Возачот на електричен тротинет, не смее да се движи по велосипедска патека односно лента со брзина поголема од 25 километри на час, а по тротоар и пешачка патека, не смее да се  движи со брзина поголема од 6 километри на час
    • Ако двајца или повеќе возачи на електричентротинет се движат во група, должни се да се движат еден позади друг
    • Возачот на електричен тротинет е должен да управува со возилото на начин на кој не се намалува стабилноста на возилото односно не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што можат да го попречуваат во управувањето со возилото
    • Возачот на електричен тротинет не смее да превезува други лица за време на управување со возилото и не смее да води животни
    • Возачот на електричен тротинет треба да носи заштитен шлем на главата за време на управувањето на возилото. Иако треба нема санкција
    • Возачот на електричен тротинет, од првиот самрак до потполно разденување, како и во услови на намалена видливост, е должен да носи рефлектирачки елек за време на управувањето на возилотоНа електричниот тротинет задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна и светло со црвена боја на задната страна

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира