ВО АВГУСТ ИМАЛО ЗА ТРИ ПАТИ ПОМАЛКУ ЖРТВИ ВО СООБРАЌАЈКИ ВО СПОРЕДБА СО 2020, ВЕЛИ МВР

    ВО АВГУСТ ИМАЛО ЗА ТРИ ПАТИ ПОМАЛКУ ЖРТВИ ВО СООБРАЌАЈКИ ВО СПОРЕДБА СО 2020, ВЕЛИ МВРВчера биле санкционирани 518 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената. (Фото: МВР)

    Шест лица загинале во сообраќајни несреќи во август годинава, за разлика од лани август кога имало 19 жртви. Со тоа, бројот на жртви на сообраќајниците во август 2021 е три пати помал од бројот на жртви во август 2020, рече денеска портпаролот на Министерството за внатрешни работи (МВР) Тони Ангеловски.

    „Ова е сериозно намалување, но ние продолжуваме со интензивните активности за овие бројки да се намалуваат и натаму. 2020 беше најбезбедна година според бројот на жртви на патиштата, но првите осум месеци од 2021 покажуваат дека оваа година е со најмал број на жртви на патиштата“, рече Ангеловски.

    Вчера биле санкционирани 518 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената, од кои седум се движеле со брзина од над 70 километри на час над дозволената брзина, а 56 со брзина над 50 километри на час над дозволената брзина.

    Синоќа се санкционирани и 86 пијани возачи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира