ВО КАФУЛЕ И КАФЕАНА СО СЕРТИФИКАТ ЗА ВАКЦИНА ИЛИ ЗА ПРЕЛЕЖАН КОВИД-19 САМО ВО ПРВИТЕ 45 ДЕНА ПО ОЗДРАВУВАЊЕТО

    ВО КАФУЛЕ И КАФЕАНА СО СЕРТИФИКАТ ЗА ВАКЦИНА ИЛИ ЗА ПРЕЛЕЖАН КОВИД-19 САМО ВО ПРВИТЕ 45 ДЕНА ПО ОЗДРАВУВАЊЕТОАнтиваксерки палат маски на протест во Скопје. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Од 16 август (понеделник) во угостителски објекти низ земјава и на настани ќе може да се влезе и со сертификат за примена вакцина против ковид-19 и со потврда за прележан ковид.

    • Од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).
    • Приложувањето и поседувањето потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18-годишна возраст.
    • Лице ќе може да влегува во угостителски објекти и на настани ќе може и со потврда за прележан ковид, но само во првите 45 дена сметајќи од денот кога оздравело. По завршувањето на првите 45 дена од прележувањето, и за овие граѓани ќе важи дека за влез во објекти треба да приложат серитификат за вакцинација, односно потврда за примена барем прва доза вакцина.
    • Граѓаните кои од 16 август ќе бидат затекнати во објект или на настан без потврда  ќе платат казна од 250 евра, а казната за угостителскиот објект се движи од 2.500 евра до 30 илјади евра, во зависност од големината на објектот, плус 1.500 евра за одговорното лице.
    • Контролата ќе ја вршат инспектори од Државниот пазарен инспекторат, кои по нивна проценка ќе викнат на помош полициски службеници од Министерството за внатрешни работи (МВР)
    • Од 16 август  целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетерии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип.
    • Во државата вкупно се аплицирани 1.058.112 дози вакцини, од кои скоро 50.000 во изминатава недела, а ревакцинирани се 471.728 граѓани.
    • Вкупно ковид дијагностицирани  во земјава од почетокот на епидемијата се 162.164, оздравени се 150.851, починаа 5.552, а активни се 5.761 болни.
    • Здравствените власти в понеделник ќе разговараат за воведување дополнителни локални мерки во Тетово, по големиот наплив на пациенти со ковид-19 во Тетовската болница каде лежат 80 болни, а има 4 починати за 24 часа.

    „Ако јас одлучам да не ја примам вакцината и сепак влегувам во простор кој што е повеќе од 30 луѓе, ги ризикувам сите останати 29 луѓе да бидат заразени од мене. Грижата на државата е во колективното здравје. Апелирам да се вакцинираме, затоа што тоа е единствениот начин засега да ја победиме пандемијата и да се вратиме на нормалниот живот. Вакцините сите се здрави и се потврдени секаде низ светот. Америка веќе почна со давање на третата доза на тие со намален имунитет. Ги следиме меѓународните експертски поставености околу вакцинирањето и дефинитивно треба да се однесуваме како останатиот дел од светот“, рече премиерот Заев и повтори дека дека државата има доволна количина вакцини.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира