ВО ЗЕМЈАВА ДА СЕ ВЛЕГУВА БЕЗ КОВИД СЕРТИФИКАТ, НО ТОЈ И НАТАМУ ДА ВАЖИ ВО КАФЕАНИ, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    ВО ЗЕМЈАВА ДА СЕ ВЛЕГУВА БЕЗ КОВИД СЕРТИФИКАТ, НО ТОЈ И НАТАМУ ДА ВАЖИ ВО КАФЕАНИ, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИПредлогот за влез во земјава без сертификат треба да биде изгласан и на Влада. (Фото: СДК:МК)

    Да се укине задолжителното поседување на сертификат за вакцинација или прележаност на ковид за влез во земјава, но тие ќе мора да се поседуваат за влез во ресторани и барови, предложи Комисијата за заразни болести. Оваа мерка не е укината, зашто од Комисијата сметаат дека одеднаш не е добро да се укине сè, туку постепено. Предлогот за влез во земјава без сертификат треба да биде изгласан и на Влада.

    Владата вчера ја укина мерката за задолжително носење маски во затворeни простории освен во здравствени домови, аптеки, јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување на стари лица и лица со посебни потреби.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира