ВРАБОТУВАЊЕТО 50 ЛУЃЕ ВО ВЛАДАТА ЗА ДА ВИ СТАВААТ ЛАЈКОВИ Е ЕДИНСТЕВНАТА ИНВЕСТИЦИЈА ШТО СТЕ ЈА НАПРАВИЛЕ СО ФЕЈСБУК, МУ РЕЧЕ МИЛОШОСКИ НА ЗАЕВ

    ВРАБОТУВАЊЕТО 50 ЛУЃЕ ВО ВЛАДАТА ЗА ДА ВИ СТАВААТ ЛАЈКОВИ Е ЕДИНСТЕВНАТА ИНВЕСТИЦИЈА ШТО СТЕ ЈА НАПРАВИЛЕ СО ФЕЈСБУК, МУ РЕЧЕ МИЛОШОСКИ НА ЗАЕВПратениците се на пауза до 14 часот и 15 минути, поради заминувањето на премиерот Зоран Заев на меѓународниот драмски фестивал за лица со и без попреченост „Игри без маски“ во Македонскиот народен театар. - Заев и Милошоски на денешната седница за пратенички прашања (Фото: К. Попов)

    Дали Фејсбук и Гугл ќе инвестираат зависи дали Македонија ќе влезе во Европската унија и во НАТО за да имаат сигурност, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање на Антонијо Милошоски на денешната собраниска седница.

    „Очекувам Македонија да има сигурна иднина со членството во НАТО и во ЕУ, почнавме со скринингот. Може да се случи да инвестираат, продолжуваме да разговараме и кога ќе има нешто конкретно ќе соопштиме“, одговори Заев на прашањето на Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ дали има напредок во разговорите со Фејсбук и Гугл да дојдат да инвестираат во Македонија.

    Милошоски му рече на Заев дека во телевизиска емисија во септември 2017 година кажал дека разговараат со Фејсбук и со Гугл, а на 19 септември лани, се сретнал со извршниот директор Џерад Коен на кого Заев му ги презентирал условите за инвестирање во Македонија.

    „Вработување на нови 50 луѓе во Владата за да ставаат лајкови на вашите постови е единствената инвестиција што сте ја направиле од Фејсбук. Кога ги најавувавте инвестициите, не рековте дека ќе дојдат по членството во ЕУ и НАТО, најрано во НАТО може да влеземе до 2020 година. Излегува дека сте лажеле за странски инвестиции, а членството во ЕУ и НАТО го користите како алиби за вашиот неуспех. Дали 14 вработувања во сендвичарата на ланецот ‘КФЦ’ е сериозна странска инвестиција. Сте сакале да создадете привид дека нешто работите, но или немате способност да ги донесете или вашиот тим не ви дава веродостојни податоци“, рече Милошоски.

    Пратениците се на пауза до 14 часот и 15 минути, поради заминувањето на премиерот Зоран Заев на меѓународниот драмски фестивал за лица со и без попреченост „Игри без маски“ во Македонскиот народен театар.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари