ВРХОВНИОТ СУД ДЕНЕСКА РЕШАВА ЗА БАРАЊЕТО НА СЈО ЗА ИЗЗЕМАЊЕ НА ВАНГЕЛОВСКИ

    ВРХОВНИОТ СУД ДЕНЕСКА РЕШАВА ЗА БАРАЊЕТО НА СЈО ЗА ИЗЗЕМАЊЕ НА ВАНГЕЛОВСКИСпецијалното јавно обвинителство бара изземање на претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, бидејќи е дел од прислушуваните разговори што ги објави СДСМ, а кои биле снимени во период кога тој, исто така, ја извршувал функцијата претседател на судот (Фото: СДК.МК)

    Врховниот суд денеска на општа седница во 11.30 часот, ќе одлучува по барањето на Специјалното јавно обвинителство за изземање на претседателот на судот, Јово Вангеловски.

    На седницата ќе се резгледуваат и ќе се одлучува и по 17-те приговорите на судиите од Основниот суд Скопје 1 за годишниот план за работа, што на крајот на минатиот месец го донесе в.д. претседателот на судот, Стојанче Рибарев.

    Специјалното јавно обвинителство бара изземање на претседателот на Врховниот суд Вангеловски, бидејќи е дел од прислушуваните разговори што ги објави СДСМ, а кои биле снимени во период кога тој, исто така, ја извршувал функцијата претседател на судот. Како што појаснуваат од СЈО во барањето, тој разговор ја доведува во прашање непристрасноста на судијата Вангеловски.

    Седницата е затворена за јавноста.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира