ВРХОВНИОТ СУД ГИ ДОБИ ЖАЛБИТЕ ЗА ПРИТВОРИТЕ НА ГРУЈОВСКИ, ЈАКИМОВСКИ И БОШКОВСКИ

    ВРХОВНИОТ СУД ГИ ДОБИ ЖАЛБИТЕ ЗА ПРИТВОРИТЕ НА ГРУЈОВСКИ, ЈАКИМОВСКИ И БОШКОВСКИНа Тони Јакимовски, поранешниот шеф на кабинет на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, Апелациониот суд му одреди мерка притвор. (Фото: СДК.МК)

    Жалбите на обвинетите Горан Грујовски, Тони Јакимовски и на Никола Бошковски на решенијата на Апелацискиот суд Скопје, со кои што на тројцата обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ на СЈО им беше одредена мерка притвор пристигнаа во Врховниот суд, објави агенцијата „Мета“.

    „Жалбите на решенијата донесени од Апелацискиот суд Скопје, со кои е определена мерка притвор, се примени во Врховниот суд на Република Македонија. Жалбите се пратени на одговор до Специјалното јавно обвинителство и по комплетирањето на предметите, петчлениот совет на Врховниот суд ќе одлучи по жалбите“, велат од Врховниот суд.

    Грујовски, поранешен началник на Петтата управа во МВР, Јакимовски, поранешниот шеф на кабинет на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, и Никола Бошковски, вработен во УБК, досега се единствените обвинети во случаите на СЈО на кои Апелацискиот суд им одреди притвор.

    По нивните жалби треба да одлучува Кривичниот совет на Врховниот суд, со кој претседава Јово Вангеловски, претседател на највисокиот суд во државата. Покрај него, членови на одделот за казниви дела на Врховниот суд се и судиите Ристе Катевеновски, Фаик Арслани, Џемали Саити и судијката Рахилка Стојковска.
    

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира