ЗА БУЈАР ОСМАНИ НАЈГОЛЕМ ДИПЛОМАТСКИ УСПЕХ ГОДИНАВА Е ЕТАБЛИРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

    ЗА БУЈАР ОСМАНИ НАЈГОЛЕМ ДИПЛОМАТСКИ УСПЕХ ГОДИНАВА Е ЕТАБЛИРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИКВо следниот извештај на ЕК ќе ја видиме суровата вистина и за нашата борба против корупцијата, кажа Османи. (Фото: Принтскрин МИА)

    Завршувањето на процесот на меѓународно етаблирање на македонскиот јазик, кој се влечеше со децении наназад и кој што почна да се решава со Преспанскиот договор, е посебен процес надвор од преговорите со Европската унија, со Бугарија и со кого било друг, кажа министерот за надворешни работи Бујар Османи на годишниот, ретроспективен брифинг со новинарите што го одржа денеска.

    Етаблирањето на македонскиот јазик е историски успех на Република Северна Македонија, смета тој, и додаде дека прашањето се затвори со Преговарачката рамка со ЕУ, потпишана на 19 јули.

    По 17 години кандидатски статус, на 19 јули почнаа преговорите, односно последната фаза за започнување на тие преговори за членство во НАТО. Самите преговори се процес на поправање, процес на европеизирање на државата, за зголемување на животниот стандард на граѓаните. Почнат е процесот на скрининг во институциите, во март ќе го добиеме првиот фидбек за тоа што сме направиле како држава. Следниот извештај за Македонија ќе биде математички. Нема да има бегање од резултатите, нема да има веќе алиби за несработеното. Во него ќе ја видиме суровата вистина и за борбата против корупцијата. Времето за наративни раскази – сме донеле вакви, онакви закони, заврши. Судството, обвинителството, секторите во државата, ќе треба со табели да прикажат што сработеле, како сработеле, што како одлуки донеле“, кажа Османи.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира